Голема грешка што многумина ја прават при приготвувањето тесто за палачинки: Еве колку јајца и брашно одат во смесата

Совршена смеса

Дознајте колку јајца и брашно одат во тестото за совршените палачинки

Многу домаќинки пробуваат сè и сешто за да добијат совршена смеса за палачинки, додека од страна се чини како да не постои ништо полесно од приготвувањето на овој омилен десерт.

Меѓутоа, не е сè толку едноставно како што се чини, но постои трик со помош на кој палачинките ќе бидат совршено меки и вкусни. Тајната е во количината и квалитетот на одредени состојки.

Колку јајца се ставаат во тестото?

Многумина мислат дека колку повеќе јајца стават во смесата толку повкусна и подобра ќе биде, Меѓутоа, тоа е и најголемата грешка, поради која омилениот десерт може да стане жилав и тврд како гума.

Па така, ако ставите 3-4 јајца на 500 мл млеко, тоа е премногу, а едно јајце е, пак, премалку. Како тогаш да ја погодите мерката? Идеалната количина е 2 јајца на секои 500 мл млеко. Токму овој сооднос е заслужен за најубавите палачинки.

Освен јајца, многу е важно и брашното, од кое исто така зависи дали палачинките ќе бидат меки. Доколку користите 2 јајца и 500 мл млеко, тогаш додајте 300 г брашно. Задолжително просејте го, а пожелно е да го направите тоа неколку пати.

Уживајте во совршените палачинки!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.