Поради оваа фотографија од синот, Ева Лонгорија ја обвинија дека го „претвора“ во девојче (ФОТО)

Што мислите вие?

Латино-дивата Ева Лонгорија (45) ужива во својата омилена животна улога во последните две години – мајчинството.

Уште од раѓањето на малиот Сантијаго, нејзиниот сопруг, 52-годишниот сопственик на една од најголемите продукциски куќи во Мексико, Хозе Бастон, и таа не кријат колку се среќни поради приновата.

Актерката истакна дека синот ѝ го сменил целиот свтет, а доказ за тоа се и многубројните фотографии на нејзиниот профил на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)


Сепак, токму една од нив ги збуни обожавателите и предизвика полемика на социјалните мрежи.

Колку убаво девојче! Многу личи на нејзината мајка“, под фотографијата на малиот Сантијаго искоментира една обожавателка на популарната „очајна домаќинка“, на кој се надоврзаа и други следбеници, напаѓајќи ја актерката дека синот го претвора во девојче.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Изгледа како мало девојче. Познатите сакаат ова да им го прават на своите деца, па претпоставувам дека таа сака Сантијаго да се чувствува како девојче“, одговорил друг следбеник, кој дошол до заклучок дека, со оглед на тоа што малиот има долга коса, актерката се обидува да го воспита како девојче.

Фото: Инстаграм, Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.