Важно е во колку часот сте дошле на овој свет: Времето во кое сте родени открива сè за вашиот карактер и особини!

Откријте

Секој час има различна астролошка вредност

Освен датумот на раѓање, важно е и времето кога сте се родиле.

Секој час има своја астролошка вредност, а денот е поделен во шест временски единици од по 4 часа и секоја од нив ја диктира биоенергијата на човекот и ги открива карактерните особини на поединецот во зависност од времето на раѓање.

Прочитајте што велат астролозите и уверете се дали има вистина во тоа.

Од полноќ до 4 часот наутро

Луѓето родени од полноќ до четири часот наутро ги краси сонувачки дух, голема фантазија и чувствителност. Понекогаш имаат проблем да се соочат со реалноста, а верни им се на своите идеални кои не ги менуваат од детството. Често се двоумат помеѓу своите цели, поради што стануваат немирни. Сакаат да им го пренесуваат знаењето и искуствата на другите.

Од 4 до 8 часот наутро

Луѓето родени помеѓу 4 и 8 часот наутро се упорни во сè што прават. Тие се вистински животни практичари и тешко е да ги изненадите, како однапред да се подготвени за сите потешкотии во животот. Голема желба им е да го остварат она за коешто другите сонуваат, а во тоа вложуваат многу труд. Најчесто се многу интелигентни, но тоа не им носи голема материјална корист.

Од 8 наутро до пладне

Луѓето родени помеѓу осум часот наутро и пладне сите ги развеселуваат околу себе со присутноста. Амбициозни се и големи се шансите да успеат на професионален план, а во приватен живот се оптимистични и продуховени. Сакаат да филозофираат за суштината на животот и меѓучовечките односи, а поседуваат и бројни уметнички таленти.

Од пладне до 16 часот

Жив дух, љубопитна природа и многу енергија, најдобро ги опишуваат родените помеѓу пладне и 16 часот. Создадени се да бидат учители, математичари и големи говорници. Во меѓучовечките односи се склони на конфликти, но за нив животот без повремени драми би бил многу здодевен.

Од 16 до 20 часот

Луѓето родени помеѓу 16 и 20 часот ги краси немирен дух кој постојано ги води во нови предизвици и непознати ситуации. Тие се општествени бунтовници, а нивната енергија е вистински дар. Сепак, последица на тоа може да биде склоноста на проблеми и нервози. Иако изгледаат брзоплето, тие речиси секогаш имаат план, па не треба да се грижат за нивната иднина.

Од 20 часот до полноќ

Луѓето родени помеѓу 20 часот и полноќ се природни лидери, а нивниот доминантен дух брзо освојува. Полни се со самодоверба и тешко е да ги поколебате, а најмногу страдаат ако другите им го повредат егото. Специфични се по тоа што им е неопходно одреден период во денот да го поминат сами за да си ги соберат мислите и да соберат енергија за да се дружат со луѓе.

Нумеролошка прогноза за 2021 година: Еве какви изненадувања нѐ очекуваат и кога ќе биде подобро!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.