Неверојатна сличност: Мила Јововиќ ги израдувала обожавателите со преслатка фотографија со ќерката!

Цела на мајка и’!

Фото: Getty Images

Актерката објавила преслатка фотографија на која позира со ќерка и’ и со тоа ги воодушевила бројните обожаватели

Актерката Мила Јововиќ неодамна објавила дека повторно е бремена, но таа информација долго ја криела од јавноста поради абортусот што и’ случил минатата година.

Дури откако поминал најризичниот период решила да ги сподели среќните вести со обожавателите. Мила има ќерка и син, а наскоро ќе добие уште едно девојче.

Актерката ужива во секој момент од бременоста, а денес објавила фотографија со својата четиригодишна ќерка Дашиел.

https://www.instagram.com/p/B5TRURpHGK2/?utm_source=ig_embed

Во описот на фотографијата пишувало:

„Она кога си бремена и сакаш само сладолед, па ја прашуваш твојата четиригодишна ќерка дали сака сладолед сега или по вечерата… А знаете дека ќе побара веднаш“, напишала под објавата и од срце ги насмеала следбениците.

Многу обожаватели ја забележале неверојатната сличност помеѓу мајката и ќерката. Дашиел дефинитивно ги наследила добрите гени од мајка и’.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.