Објавена „И на небо и на земја“, новата книга на отец Милан Ѓорѓевиќ

Издавачката куќа „Паблишер“ ја објави книгата И на небо и на земја од македонскиот теолог и философ отец д-р Милан Ѓорѓевиќ. Ова е третата книга на Ѓорѓевиќ и претставува кодекс на научни и есеистички сочиненија групирани во три поглавја. Отец Милан Ѓорѓевиќ е вонреден професор на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Централната тема која ги проникнува сите три тематско-методолошки целини на книгата е тензијата меѓу историското и метаисториското, од една страна, и тензијата меѓу различните димензии за историчноста, од друга страна. Насловот И на небо и на земја кореспондира со светоотечка максима „во овој свет, но не од овој свет“, која се однесува на присуството на Црквата во светот и историјата.

Во текстовите поместени во книгата опфатени се тематски области како современото истражување на византиската философија, патристиката, систематското и евхаристиското богословие, потем историјата на просветителството во Македонија, меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог, политичката философија, културната историја, критиката на идеологијата, етиката, психологиајта, просветата, литературата, филмот, празниците и обичаите, човековите права, воспитанието и образованието, дигиталната култура итн.

Отец д-р Милан Ѓорѓевиќ е автор на монографијата Nikolas Kabasials – ein Weg zu einer Synthese der Traditionen објавена за престижната издавачка куќа Peeters во серијата „Recherches de Théologie et Philosophie médiévales – Bibliotheca“ на германски јазик, како и на монографијата Византија во дијалог. Автор е на повеќе од 40 научни трудови од областа на философската и теолошката византологија, патрологијата, христијанската етика и аскетското богословие, пастирската психологија и книжевноста.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.