Меган и Хари конечно ја покажаа малата Лилибет! Оваа фотографија го воодушеви светот!

Најслаткото нешто што сте го виделе

Фото: Getty Images

Принцот Хари и Меган Маркл по повод Божиќ ја споделија првата фотографија од ќеркичката Лилибет, која е родена во јули оваа година

Семејната фотографија на која гордите родители позираат со малата Лилибет и синот Арчи е направена во нивниот дом во Калифорнија, а зад објективот се нашол познатиот фотограф Алекси Лубомирски.

„Оваа година, 2021, ѝ посакавме добредојде на нашата ќерка Лилибет. Арчи нè направи мајка и татко, а Лили нè направи семејство. Ѝ се радуваме на 2022, уплативме донации во име на неколку организации што се занимаваат со грижа за семејства – од оние што се иселиле од Авганистан до загрозени американски семејства“, порачале Хари и Меган.


На семејниот портрет, Меган ја држи Лилибет, која неодоливо се смее, додека насмеаниот Хари седи покрај нив со двегодишниот Арчи во скут.

Астрологот на принцезата Дијана тврди дека Лилибет е посебна: Уште на рана возраст ќе доживее чуда!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.