За подобро психичко здравје и за поквалитетен живот: Дознајте се’ за методот за самопомош Реики

Кои се ефектите од редовното практикување на Реики методот?

Што е реики, која е неговата цел и како може да се примени, дознавме од експертите од „Реики академија“.

Што е Реики?

Реики е една од најстарите методи за самопомош и помош на други. Секој човек може да оди кај реики терапевт но уште поинтересно е тоа што може да се обучи и да биде сам свој терапевт и да си даде сам на себе терапија доколку му е потребна. Заради тоа, ова е една од популарните методи во светот за самопомош затоа што е многу едноставна да се научи и да се примени. Реики всушност е начин на користење на животна енергија, која е исцелувачка сила и која ние во Реики ја применуваме. Таа го менува нашето психофизичко здравје и нашиот квалитет на живот. Реики од Јапонски се преведува како Rei, може да се преведе и како Универзална, Животна, Божествена како и Природна, а Кi значи енергија.

Која е неговата главна цел?

Главната цел на Реики вештината е унапредување на здравјето како и развивање на постоечките природни таленти и рамнотежа на духот, чија последица е среќата. Таа се заснова на вештини за канализирање на Универзалната Животна енергија за да се овозможи проток на животната енергија низ човечкиот енергетски канал, а со тоа и низ телото на човекот во онаа количина на животна енергија, која е неопходна за личноста да постигне психофизичка кондиција, чија цел е значајно зголемување на капацитетот на виталната енергија, јакнење на одбранбените способности на организмот, а исто така има за цел подобрување на животот.

Од каде потекнува оваа вештина и какви методи користи?

Оваа вештина нема сигурни податоци од кога точно и каде е настаната, но се смета дека системот за исцелување по пат на универзалната животна енергија е постар и од многуте пишани документи. Реики се споменува во Санскрит Сутри, во делата на монасите од Тибет, Индија, Кина и делата на истакнати Духовни учители ширум светот. Вештината била на некој начин привилегирана, не била достапна за широката маса на народот, се чувала во мистични училишта и манастирите на антички култури. Владеењето со оваа вештина било резервирано само за одбрани, по правило: духовни водичи, истакнати свештеници и монаси. Почетокот на XX век јапонецот, доктор по филозофија – Микао Усуи, поминал скоро 10 години во истражување и патување по светот како би дошол до сите можни извори, кои укажувале на човековото владеење со таа вештина. Д-р. Микао Усуји, врз основа на собраните информации и документи, како и личните истражувања, составил едноставна техника за пренесување на вештините за канализирање Универзална Животна Енергија, која ја именувал РЕИКИ. При работа со оваа вештина се користат едноставни методи со помош на рацете, при што дланките се положуваат на одредени делови од телото (позиции) и на тој начин се доаѓа до ускладување на вибрациите на човекот со вибрациите на животната енергија со цел да се овозможи слободен проток низ организмот.

За кого е наменет Реики и во кои случаи?

Реики вештините се буквално за сите, толку се лесни и едноставни што можат да ги користат и деца. Денес, милиони луѓе на планетата од различна возраст, националност, религиски убедувања, професиии образование користат Реики за подобрување на здравјето и квалитетот на својот живот. Реики вештини користат голем број на деловни луѓе и политичари за ослободување од стрес и релаксација, како и за постигнување на поставени цели и подигнување на нивото на креативност. Реики методата нема штетно дејство, ниту може да биде искористена со негативна цел. Компатибилна е со сите постоечки вештини и методи на лечење како и со техники за духовен раст, освен тоа и подобрување на нивните перформанси.

Дали постои интеграција помеѓу Реики и современата медицина?

Да. Во поголемиот број на развиени земји Реики методата е интегрирана со методите на современата медицина. Својствата на Реики методите низ годините се применуваат во многу клиники, институции и лабаратории низ светот.

Кои се ефектите од редовното практикување на Реики методот?
  • Ефекти од редовно практикување на Реики методата се:
  • Јакнење на имунитетот
  • Зголемување на виталноста на организмот
  • Подмладување
  • Продолжување на животниот век
  • Забрзување на процесот на оздравување и опорувавување кога се користи напоредно со методи од современата медицина
  • Ослободување од стрес
  • Брзо смирување
  • Ослободување од несоница
  • Спречување на појава и развој на депресија
  • Рамнотежа меѓу телото и духот
  • Хармонизација на емоционалната состојба
  • Балансирање на лева и десна страна на мозокот
  • Зголемување на нивото на концентрација и помнење
  • Силно поттикнување за самоостварување, развој на постоечки и откривање на нови таленти
  • Развој на особини како што се: сочувство, љубов кон себе, прифаќање себеси, љубов кон животот, подлабоко разбирање кон себе и другите, љубов кон околината и сите живи битија и др.
Каков вид на реики обуки се спроведуваат кај вас?

Покрај Традиционалната Усуи Реики обука до 4ти степен, има и други напредни обуки, односно стилови како што се Кундалини Реики, Луна Реики, Ангелско Реики, Сребрен лекар, Краниосакрална терапија, Хроникаакши – книга на животот, Светлосна козметологија, Еликсир на животот, Родовање , Регенерација на нерви, Енергија за пари и изобилство и други понови системи.

Каде може да се најдат овие обуки и семинари?

Овие обуки се достапни во школото „Реики академија” кој се наоѓа во центарот на Скопје, при што за стекната Реики обука се издава одобрен сертификат од страна на Министерството за здравство на Македонија кој е меѓународно признат. Анета Митовска, основач на школата Реики Академија –интернационален Реики Мастер учител, предавач на Усуи Реики обуките и напредни вештини, стекнати преку прекрасната Гранд Мастер учителка Маргарита Миленкович.

РЕИКИ АКАДЕМИЈА

Повеќе информации околу обуките на: www.reiki.mk

e-mail: reiki.makedonija@yahoo.com

Facebook: Здружение Реики Македонија

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.