Уште поширока понуда на производи за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија

Од декември 2021. Хемофарм на македонскиот пазар ги нуди познатите производи на компанијата Санофи, како Buscopan, Bisolvon и Dulcolax

Хемофарм кој функционира во рамките на групата Штада, го превзема дистрибуирањето и авторизацијата за трговија на асортиманот на брендовите за широка потрошувачка на компанијата Санофи, со што дополнително ја прошири понудата на производи за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија. Bisolvon, Buscopan, Essentiale Forte N, No-Spa и Dulcolax се само некои од познатите брендови предвидени во договорот помеѓу Штада и Санофи, а ќе бидат достапни и во Северна Македонија со посредство на Хемофарм.

Кон средината на оваа година Штада и Санофи  склучија договор за 20 европски земји, меѓу кои се наоѓа и Северна Македонија. Со тоа Штада ќе има надлежност за дистрибуција и тргување со ова портфолиото на Санофи на овие пазари. Договорот на овие две мултинационални компании опфаќа дистрибуција на околу 50 брендови на Санофи, меѓу кои се производи за ублажување на кашлица и настинка, против алергиски реакции, за ублажување на болки, за подобра работа на органите за варење, додатоци во исхранaта итн. На пазарот на Северна Македонија ќе бидат достапни 9 производи во рамките на петте брендови, меѓу кои Buscopan, No-Spa, Bisolvon, Dulcolax, Essentiale Forte N.

Според зборовите на генералниот директор на Хемофарм Роналд Зелигер, оваа компанија постојано ја потврдува својата значајна улога како партнер за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија, како и на сиот здравствен систем, бидејќи асортиманот на производите постојано го шири, се вложува во негово осовременување за да може да се понуди соодветен лек и превентива.

„Наша цел е на секој здравствен проблем да одговориме со соодветен лек или навремено превенирање. Со проширувањето на нашиот асортиман со брендовите како што се Buscopan, Bisolvan и Dulcolax, потврдуваме дека сме партнер на кој лекарите, фармацевтите, пациентите и потрошувачите ширум земјата може да му веруваат“, изјави Роналд Зелигер

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.