Свечено отворање на новата сала на танцовиот клуб „Сонриса“ и прослава на 7-от роденден

Танцувајте со насмевка!

Сите кои се заинтересирани за танц и сакаат да прослават успех се поканети на отворањето на 15.09.2019 (недела) во нивниот нов простор

Танцов Клуб Сонриса оваа недела организира свечено отворање на нивната нова сала во Аеродром. Тие веќе 7 години постојат на локација во Центар, Дебар Маало, и оваа година прават голем чекор со проширување на уште една нова локација на другата страна од градот.

По тој повод сите кои се заинтересирани за танц и сакаат да прослават успех се поканети на отворањето на 15.09.2019 (недела) во нивниот нов простор. Новата сала се наоѓа во просториите на Раде Кончар на адресата Трета Македонска Бригада бр. 54.

За танцов клуб Сонриса

Тие постојат веќе 7 години и познати се по курсевите кои ги нудат: Кубанска Салса, Бачата, Кизомба, Регетон, Зумба и Латино за Деца. Од оваа година освен што се прошируваат на уште една локација воведуваат и повеќе нови курсеви: Urban Heels, Хип Хоп, Ориентален Стомачен Танц, Full Body Workout, HIIT (High Intensity Interval Training) Cardio, и Јога.

Организатори се на единствениот кубански танцов фестивал кај нас – Хола Охрид.

Исто така, дел од нивните членови имаат освоено бројни награди на натпревари, често организираат групи за посета на фестивали насекаде низ Европа, и редовно организираат танцови забави во Скопје.

Моментално нивниот тим се состои од 14 инструктори кои се спремни да го пренесат своето знаење и да го разубават вашиот ден. Доколку сакате да ги запознаете и да прославите со нив дојдете на отворањето:
https://www.facebook.com/events/385487459015111/

Или приклучете се на некој од нивните курсеви:

https://www.facebook.com/TancovKlubSonrisa/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.