Идеален спој: Комбинацијата на овие две бои гарантира ефективен стајлинг!
За чиста десетка!
Оваа модна комбинација ќе биде апсолутен есенски хит!
Црната боја никогаш не излегува од мода. Комбинациите во оваа боја се сигурен избор кои секогаш даваат нота на елеганција.
Црната боја од глава до пети секогаш е препорачлива, но оваа сезона, таквиот стајлинг доживува мал пресврт. Црвено-црната комбинација ќе биде многу популарна во текот на постудените денови.
Црната комбинација е одлична, но за да го зачините малку стајлингот, додајте му некој црвен детаљ. Тоа може да биде кожена јакна. Оваа мала промена ќе направи голема разлика, а стајлингот веднаш ќе стане поинтересен.
https://www.instagram.com/p/B1Xdbhuno4n/?utm_source=ig_embed
Со црвениот детаљ ќе ја разбиете монотонијата и ќе внесете позитивна енергија во мрачните денови.
Црвениот фустан со црна кожена јакна ќе изгледа фантастично.
https://www.instagram.com/p/BqISLJgjByR/?utm_source=ig_embed
Искористете го топлото време и искомбинирајте го црното здолниште со црвен џемпер.
https://www.instagram.com/p/BpmqANHFfT4/?utm_source=ig_embed
Фармерките и маицата во црна боја одлично ќе одат со црвена кожена јакна.
https://www.instagram.com/p/B1xAtlXDlem/?utm_source=ig_embed