Среќа плус за Невенка и Мартин Стојчеви, од с. Сарај, Струмица

Трендот за подарување инстант лозови за свадба е сè помасовно прифатен. Уште еден млад брачен пар, на денот на својата свадба доби возило, овојпат HYUNDAI BAYON, во СРЕЌА ПЛУС коверт, од инстант лозовите „7 х 7“.

Младенците Невенка и Мартин Стојчеви од с. Сарај од Струмица, својата венчавка ја прославиле на 14 август во ресторан Монализа во с. Радово. Само неколку дена пред нив славеле и за венчавката на Деспина и Кирил − братот-близнак на Мартин.

На обете свадби, покрај бројните подароци од гостите, другари и роднини им носеле и по неколку инстант-лоза за подарок. На својата свадба, Невенка и Мартин, од тетка им, во еден Среќа плус коверт добиле 13 инстант лоза, сите од серијата „7 х 7“. Гребењето на лозовите го одложиле, сакајќи да направат од тоа дополнителна забава.

Во саботата, на 19 август, младенците низ забава, смеа и досетки, весело ги гребеле собраните лозови, поделувајќи ги и 13-те лоза од ковертот на тетката, каде што  ги чекал и добитниот лоз, којшто го гребела Деспина, во име на Невенка и Мартин. Не ѝ се верувало кога изгребала три исти симболи HYUNDAI BAYON, па низ солзи радосници, пресреќна им го покажала лозот „7 х 7“, честитајќи им го новиот автомобил.

И на првата средба во Државна Лотарија, четворицата млади дојдоа заедно. Возбудата од моментот на дознавање на добивката беше сè уште присутна кај Деспина којашто ни го раскажа моментот на тоа посебно чувство, кога на својата золва и девер им изгребала автомобил од грепките од тетка.

Свадбената среќа е удвоена и веќе споделена со најблиските. Нека е со среќа влегувањето во брачните води на сите четворица, а по нивната заедничка радост, се чини дека добивме две млади семејства коишто ја делат истата радост за добивката и истата благодарност за постоење на трендот Среќа плус − дарување лозови во среќни мигови.

Невенка и Мартин влегуваат во сè поголемото семејство Среќа плус добитници. Од почетокот на трендот, од март 2015-та, славиме со младенци кои добија поголеми парични суми од лозови подарени на свадба, но и веќе шест брачни пара добија возила од различни лозови.

Од 2016-та до сега, брачен пар во Скопје го возат својот бел Фолксваген пасат; младенци во Прилеп добија Киа спортаж; една Тојота аурис хибрид беше добиена на лоз во коверт на свадба во Битола, а една во Скопје, а потоа и Мини купер во Битола. Сега Невенка и Мартин ќе го возат својот свадбен  HYUNDAI BAYON.

Трендот Среќа плус ги радува и дополнително усреќува младенците. Има многу забава, надеж и возбуда во гребењето на поголема количина лозови, а премијата и да не е во некој од лозовите, секогаш има поголеми и помали добивки за понатамошно менување за нови лозови на среќните места на Државна лотарија, кога се добива и втора шанса за добивка… и забавата продолжува.

Младенците − среќни добитници, и самите кога одат на свадба носат лозови, а истото им го препорачаа и на сите граѓани кои не треба да пропуштат можност да подарат среќа плус не само за свадба, туку и за друг убав повод или и без повод.

Нема поевтин начин за подарување моменти на надевање, забава и возбуда, а притоа пренесување на личната порака за пожелување дополнителна среќа.

Со подарување на 13-те лоза од играта на среќа со име „7 х 7“, којашто нуди 14 возила HYUNDAI,  тетката на Мартин како да им пратила порака „пожелувам да добиете кола“… и добиле.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.