Потребна доза на енергија во една кесичка: ПРАШОК за ДИРЕКТЕН НАДОМЕСТ на минерали и витамини

Витамините и минералите се неопходни, бидејќи во организмот речиси и да нема реакција во која не учествува некој од нив. Нивниот недостиг е поврзан со многу болести во организмот.

Особено е важно да се обезбедат доволни количини магнезиум кој како есенцијален минерал е неопходен за оптимално функционирање на човековиот организам – потребен е на мускулите, нервниот систем и кардиовакуларниот систем.

Магнезиумот учествува во повеќе од 300 различни метаболни процеси, првенствено во оние во кои се создрава енергија.

Истражувањата покажуваат дека голем број возрасни лица не ги внесуваат дневните потреби од овој минерал (слаба апсорпција, употреба на диуретици, неправилна исхрана, консумурање алкохол, неконтролиран дијабетес).

Треба да се земат во предвид и лошите прехрамбени навики и се поголемиот внес на индустриски приготвена храна кои исто така влијаат на недоволниот внес на магнезиумот во организмот.

Препаратот Magnevital прашок за директна примена, покрај значителни количини магнезиум, содржи и оптимални количини цинк, витамини Б1, Б6, Б12 и витамин Ц.

Цинкот придонесува во оптималното функционирање на имунолошкиот систем, во одржување на правилна функција на коските, правилната когнитивна функција, помага кај плодноста и репродукцијата, допринесува во одржувањето на здрав изглед на кожата, косата и ноктите придонесува во заштита на клетките од оксидативен стрес.

Витамините од Б групата помагаат во создавање енергија и обнова на клетките, а витаминот Б12 учествува во создавање на еритроцити, за правилно функционирање на нервниот систем.

Витамин Ц придонесува во правилното функционирање на имунолошкиот систем, во заштита на клетките од оксидативен стрес, како и во намалување на заморот и истоштеноста.

За да ги заштитите клетките од оксидативниот стрес, да ја одржите нормална функцијата на имунолошкиот, нервниот и мускулниот систем, да го намалите чувството на замор и исцрпеност прва препорака  е Magnevital direct прашок за директен надомест на витамини и минерали.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.