Pandora Ви ги претстваува приврзоците со лимитирано издание, во соработка со UNICEF

Приврзоци за поддршка на децата

Како дел од новата долгорочна глобална соработка, Pandora се приклучува на UNICEF со цел децата од најзагрозените делови на светот да добијат похумани и побезбедни услови за живот и развој. Во знак на
поддршка на Светскиот ден на детето, 20. ноември, Pandora Ви ја претставува својата колекција Pandora Me
во лимитирано издание.

Во пресрет на Светскиот ден на детето, 20 ноември, Pandora Ви го претставува накитот во лимитирано издание Pandora Me за UNICEF – прва од многуте идни соработки. Носејќи ги парчињата накит „Pandora за UNICEF“ ја давате Вашата поддршка на младите ширум светот, преку кампањата наречена „Приврзоци за  промена”. Целиот профит добиен од продажба на оваа колекција ќе припадне на UNICEF. Колекцијата нa накитот ќе биде достапна во нашите продажни места во над 100 земји, давајќи Ви можност да ја дадете Вашата поддршка.

Славејќи го Светскиот ден на детето, Pandora го поддржува UNICEF со придонес во вид на средства за подобар живот на децата, за нивно образование и за програми за заштита ширум светот, како и за обука за животни вештини кои се фокусираат на програми кои ја поддржуваат моќта на жената. Носејќи ја оваа колекција, секој го дава својот придонес кон UNICEF.

Pandora Me е нов креативен начин да го изразите Вашиот идентитет и да се поврзете со другите. Преку
колекцијата на минијатурни, разиграни симболи од сребро, вклучувајќи минијатурни приврзоци и единечни обетки, Pandora поттикнува експериментирање за самоизразување. Заштитно лице на колекцијата е актерката Мили Боби Браун која претставува моќен глас на својата генерација и поборник за глобални промени.

Приврзокот „Мојата женска гордост“ е симбол на моќта на жените, додека приврзокот „Мојата насмевка“ симболизира среќа и светла иднина за идната генерација. Двата приврзоци ги величат можностите за образование, заштита и родова еднаквост. Направени се од сребро, рачно доработени, украсени со сини кристали и можат да се носат со останатите парчиња накит на Pandora Me колекцијата. Приврзокот „Мојата насмевка“ е дел од ексклузивниот сет кој вклучува Pandora Me белегзија и два разделника.

Тригодишното партнерство со UNICEF ќе го промовира правото на глас на младите и посветлата иднина и ќе има за цел значајно да влијае врз илјадници деца и млади ширум светот. Натамошните иницијативи ќе вклучуваат нов накит и кампањи за подигнување на свеста, како и можност клиентите и вработените во Pandora директно да се ангажираат со донирање во UNICEF.

Цената на сетот во лимитирано издание е 4.485,00 ДЕН денари, а цената на приврзокот е 975,00 ДЕН денари и можете да ги купите во Скопје, во продажното место на Pandora на ул. Македонија.

Дајте поддршка со #PandoraForUNICEF, #CharmsForChange и #PandoraXMillieBobbyBrown

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.