Некои сакаат кога е жешко, а некои уживаат кога е ладно

Hisense клими прилагодени на современиот човек

Колку пати само сте посакале да можете да се разладите или да го загреете станот пред да се вратите дома по напорниот ден? Ова сега е возможно благодарение на Hisense клима уредите со најсовремена технологија која овозможува уредот да се ракува на сигурен и лесен начин. Неколку клика ќе бидат доволни за да се обезбеди пријатна домашна средина прилагодена на вас во секое време.

Мисијата на овој бренд е со секој производ да им овозможи на корисниците подобро искуство што ги надминува нивните очекувања. Во потрагата да ги постигне своите цели, Hisense стана пионер во областа на инвертер технологијата, во која има традиција од 25 години.

Исто така, Hisense е првата компанија која почнала со производство на инвертер климатизери во Кина, а на македонскиот пазар стана синоним за одличен сооднос цена-квалитет во последните две години.

Иновациите на Hisense ви овозможуваат лесно и едноставно да го контролирате вашиот клима уред, сѐ што треба да направите е да ја инсталирате апликацијата ConnectLife, која е достапна на Google Play и App Store. Со неа можете да ги проверите температурата и влажноста во просторијата, да го усогласите циклусот на паметната климатизација или да активирате други паметни функции.

Најсовремени функции за најдобри перформанси

Повеќе не треба да се грижите за тоа како ќе го користите клима уредот. Со само едно копче, можете да го активирате паметниот режим на работа и да ги контролирате температурата, насоката на дување и волуменот на воздухот на сеопфатен начин. Кога не сте дома долго време, со функцијата за одржување на температурата на 8°C, можете да заштедите електрична енергија, да го заштитите мебелот и цевките за вода или да обезбедите пријатна температура за вашите миленици.

Дополнително, 360 DC инвертер технологијата овозможува интелигентна работа на клима уредите и ги минимизира загубите на енергија. Компресорот работи поефикасно и непречено, а контролата на температурата е попрецизна, додека нивото на бучава е помало.

Обезбедуваат удобност, но се грижат и за вашето здравје

Пандемијата на коронарниот вирус значително влијаеше на начинот на живот на современиот човек. Токму поради овие причини Hisense патентираше напредни функции на своите климатизери кои се грижат за вашето здравје со помош на HI-NANO технологијата.

Благодарение на овие иновации, спречено е ширење на бактерии и вируси, вклучително и корона вирусот, што во последно време се зема предвид. Високата ефикасност на овој метод во зачувувањето на здравјето е потврдена со ценетиот меѓународен сертификат на истражувачката студија Texcell.

Со ослободување на голема концентрација на јони, во количина од милион јони на еден кубен сантиметар, се создава здрава животна средина и се елиминираат ПМ 2,5 честичките, грините, чадот од тутунот и непријатните мириси. Исто така, ефикасно се отстранува преносната прашина додека истовремено се прочистува воздухот околу вас.

Она што ги прави овие клими ефикасни е технологијата на прочистување на воздухот на повеќе нивоа, воздухот поминува низ повеќе филтри (филтер со катехин, ХЕПА филтер, филтер со сребрени јони и витамин Ц филтер) и секој од нив има функција да овозможи подобар и поздрав воздух. Различните филтри ги апсорбираат непријатните мириси, ги пресретнува и ефикасно и долгорочно ги стерилизираат честичките од прав и уништува повеќе од 95% од бактериите.

Но исто така овозможуваат посвеж и почист воздух кој е здрав за кожата затоа што не предизвикува чешање, ја прави кожата помека и го намалува стресот.

Доверба од милиони луѓе ширум светот 

Покрај извозот на производи во повеќе од 160 земји и региони, Hisense ги спонзорираше најголемите спортски настани во светот, како што се UEFA EURO 2016 и 2020 година и светското првенство на FIFA 2018 и 2022 година.

Во кинеското глобално национално истражување на имиџот, спроведено од China International Publishing Group, Hisense беше именуван за еден од „десетте најпознати кинески брендови во странство“ пет години по ред.

Повеќе информации за Hisense клима уредите можете да најдете тука.

Текст и фото: ПР

Видео: Youtube

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.