Како една Русинка му го уништила животот на Мел Гибсон: Од врвен актер и кул татко на 9 деца, станал насилник прекуноќ!

Прочитајте!

Сега популарноста има друго значење за Мел Гибсон, а сé започнало крајно наивно

Кога ќе го споменеме Мел Гибсон, веднаш ни текнува на филмот „Храбро срце“! Мел важи за вистински маж, но не е сé така како што изгледа…

Сé започнало поради љубов. Дури ни Мел Гибсон не бил имун на неа.

Имено, тој ја запознал својата прва сопруга Робин Денис Мур кон крајот на 1970-тите години додека сé уште бил релативно непознат актер. Во јуни 1980 година се венчале во Австралија, а заедно добиле една ќерка и шест сина. По 26 години брак, Мел и Робин се развеле во 2006 година.

Неколку години подоцна, Гибсон во едно интервју истакнал дека проблемите во нивниот брак започнале дента кога го уапсиле поради возење во пијана состојба во Малибу. Робин поднела барање за развод во 2009 година, а две години подоцна, нивниот развод бил финализиран. Со оглед на тоа што двојката не потпишала предбрачен договор пред бракот, Робин добила половина од сето тоа што го заработиле заедно.

По разводот, Гибсон започнал врска со руската пијанистка Оксана Григориева. Двојката добила ќерка Луција во 2009 година, а една година подоцна се разделиле. Григориева го пријавила Мел во полиција поради наводно малтретирање, па славниот актер не смеел да ѝ се приближи ниту нејзе, ниту на нивната ќерка. Како што стои во записникот од полицијата, пијанистката го обвинила актерот за семејно насилство. Поради обвинувањето, некои продуцентски куќи го одбиле Гибсон, а тој со години се бранел дека ништо од наведеното не е вистина.

„Никогаш кон никого не сум се однесувал насилно. Јасно ми е дека сега многумина мислат така и го почитувам тоа, но сé што сте прочитале во медиумите е чисто ѓубре. Сите факти мора да се стават во контекст, а јас сé што сакав беше да излезам од токсична врска“, раскажал Гибсон во интервју со години по обвинувањата.

По една година борба на суд, Гибсон конечно добил потврда дека може да ја гледа ќерка му, а на Оксана морал да ѝ плати 750.000 долари.

Од 2014 година, славниот актер е во врска со Росалинд Рос, која го родила нивното прво и деветто дете на Гибсон. Се запознале кога таа почнала да работи за неговата продукциска куќа Icon и набрзо се вљубиле.

Денес, Гибсон можеме да го видиме само на промоции на филмови, но и како се шета со најмладата ќерка. Се труди да живее што подалеку од очите на јавноста, бидејќи многу добро има почувствувано дека славата е нож со две сечила!

Веднаш го прекинал интервјуто: Мел Гибсон полудел поради провокација од водителот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.