Хуманитарно возно дефиле за подигнување на свеста за канцер на дебело црево

Пречекајте го конвојот прекрасни возила во 12.30 часот во GP Картинг центарот, до арената „Борис Трајковски“

Овој месец, на 14 април, повторно ќе се одржи хуманитарното возно дефиле DFCCA.

Дефилето се состои од возен дел, преку кој на јавноста ќе и’ се доближи поддршката на организаторите за кампањите кои се борат против ракот на дебело црево и малигнитетот кај децата.

Во вториот дел, ќе се одржи хуманитарна забава, каде што ќе се покаже сериозноста на поддршката за овие кампањи.

Сите што сметаат дека можат да придружат во возниот дел со квалификувано возило, може да им обратат на организаторите за да ги информираат кои се клучните фази на возниот дел.

Доколку, пак, сакате да бидете дел од хуманитарната забава, пречекајте го конвојот прекрасни возила во 12.30 часот во GP Картинг центарот, до арената „Борис Трајковски“.

Повеќе информации за настанот, побарајте на официјалната страна на DFCCA, на нивната фејсбук-страна, како и на објавениот настан на Фејсбук.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.