Поттикнете го редовното празнење на цревата

Страдате од опстипација?

Опстипација (запек) се манифестира со отежнато празнење на цревата, а најчест предизвикувач е промената на секојдневните животни навики (неправилна исхрана, физичка неактивност), земање одредени лекови и болест, како што се кандидијаза, дијабетес, синдром на нервозни црева, а често се јавува и во бременоста. Кога процесот на дигестија е забавен, отпадните материи се задржуваат подолго време во дебелото црево, водата се впива од столицата, па затоа таа станува тврда, што уште повеќе го отежнува празнењето на цревата. За да го поттикнете правилното варење на храната:

Внесувајте доволно течности Поголемиот дел од водата се впива во дебелото црево, а онаа застапена во столицата е само помал дел од вкупното количество. За да го зголемите количеството вода во столицата, морате да го зголемите дневното консумирање течности, но и да јадете храна богата со растителни влакна.

Пробиотици Во случај на воспаленија, пробиотиците, кои во најголем дел се содржани во ферментираните продукти од млеко (јогурт, сурутка, кисело млеко) ја урамнотежуваат цревната флора и го зајакнуваат одбранбениот механизам на организмот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.