BeInvisible сега достапни и кај нас!

Невидливите алајнери, кои им ги „кројат“ насмевките на светските ѕвезди, пристигна и кај нас, благодарение на д-р Илбер Балаж

Во денешно време, правилната низа на забите и правилното загризување, покрај правилната техника на миење на забите, се сметаат за предуслов за совршена насмевка и за долг век на вашите заби.

Губењето само на еден заб може во целост да ја наруши функцијата на целиот систем за џвакање на храната. Секоја замена останува само замена, никогаш оригинал, па затоа секогаш настојуваме да го зачуваме природното, а често и да го поправиме.

Алајнерите (фолии за исправување на забите) веќе две децении се присутни во модерната стоматологија, а нивната цел е да го коригираат сето она што малку му „избегало“ на совршениот природен ред.

Невидливите протези добиваат сè поголемо значење, бидејќи естетски се многу поприфатливи, значително покомфорно и за пократко време го решаваат истиот проблем – проблем со криви, ротирани, навалени, преклопени, збиени, раштркани, неправилно распоредени заби.

Овој светски тренд пристигна и кај нас, благодарение на д-р Илбер Балажи, специјалист по ортодонција, член на елитното здружение на стоматолози Style Italiano, како и на European Aligner Society, American Academy Clear Aligners и на Japan Academy of Aligner.

НЕМА ЖИЦИ, НЕМА ЗАТЕГНУВАЊА

„BeInvisible – невидливите алајнери, кои им ги „кројат“ насмевките на светските ѕвезди, претставуваат помагало за исправување на забите и функцијата им е иста како и на постарата генерација фиксни протези. Разликата е што тие се невидливи и целосно незабележливи – никој нема да забележи дека ги носите. Тоа е всушност најголемата желба на секој што требало или што носел фиксни протези. Нема жици, нема затегнувања. Нема нарушување на дневната рутина ниту ограничувања во исхраната. Освен тоа, самиот третман е пократок во споредба со класичните протези“, вели д-р Балажи, кој е лиценциран за овој иновативен метод во целиот регион.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ТРЕТМАНОТ BEINVISIBLE?

По сите неопходни анализи, единствениот 3Д-софтвер на BeInvisible ни дава можност да му објасниме на пациентот визуелно, преку видеосимулација, каков ќе биде резултатот додека трае третманот и на самиот крај. Значи, секој месец се знае компјутерски точно каков би бил резултатот и однапред точно се објаснети сите процедури. Откако ќе се направи анализата, се изработуваат алајнерите, направени специјално за конкретниот пациент. Тој ги добива сите алајнери одеднаш и прецизен план според кој знае кога да го употреби кој пар. Нема можност за непрецизност или за грешка. За резултатот да биде видлив уште во првиот месец, пациентот мора да ги носи алајнерите 22 часа во текот на денот. Голема предност е што може да јаде и да пие што сака и кога сака, без ограничување. Едноставно ги вади алајнерите пред јадење и потоа повторно ги става. За време на оброкот, алајнерите може да ги чува во малата кутија за оваа намена што ја добива заедно со сетот алајнери. Кутичето е практично за носење каде и да се движите во текот на денот, па оптоварувањето поради третманот е невидливо како и протезите – појаснува д-р Балажи.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.