25 У&З-ѕвезди од супермаркетите: Одбрани се прехранбените производи што го заслужуваат статусот ѕвезди!

Фаворити на редакцијата

Ова се ѕвездите кои царуваат на рафтовите во маркетите

Сметаме дека е потребно да го впериме „рефлекторот“ кон прехрамбените производи кои го заслужуваат статутост на ѕвезди. Нашите и ваши омилени брендови, пакетчиња, тегли, кесички или туби полни со препознатлив, безвременски вкус. Без оглед дали бараме брзо приготвување, најздрав избор или сме вљубени во вечните класици – ова се ѕвездите кои царуваат на рафтовите во маркетите и фаворити на редакцијата. А најдоброто од се’ е што сите можете да ги најдете на едно место – во маркетите „Рамстор“!

Mentos Rainbow – победник во категоријата бонбони

Дали ви се познати возбудливите вкусови на виножитото?! Највкусните овошни бомбони во 7 вкусови поставени по редослед на боите во виножито, тоа се #MentosRainbow! Виножитото е една од најубавите појави во природата, а #MentosRainbow се една од најубавите појави во супермаркетите!


Оригинално создадени во 1932 година, а во шеесетите години првите ролни #Mentos го освоија светот. Денес, побарајте ги во секоја чанта, ранец или фиока кај вистинските сладокусци или купете си ги во супермаркет!

Probiotic cookie – победник во категоријата иновација

Нова генерација супер-ѕвезди во маркетите! Пробиотик линијата производи на Виталиа ѝ обезбеди интернационално престижно признание за иновативност, а нам ни обезбеди можност во секој миг да посегнеме по здрав десерт или ужинка со вкус кој гарантира уживање.

Пробиотските колачиња на Виталиа претставуваат извор на пробиотици и растителни влакна, а не содржат додадени шеќери.

Insalatissime Rio Mare – победник во категоријата конзервирана риба

Insalatissime го комбинира непогрешливиот вкус на туната Rio Mare со свеж зеленчук и житарки за брз, урамнотежен оброк. Идеални за ручек во канцеларија или во парк, па дури и за брза, лесна вечера, салатите приготвени со туната на Rio Mare се вкусни и хранливи. Пробајте ги сите вкусови!

Lino Lada Gold, Podravka – победник во категоријата крем

Дури 16% лешници во Lino Lada Gold за искуство што не може да се спореди со некое друго. Во палачинка или сладолед, како фил или „само“ на лажица, Lino Lada Gold е совршен за сите – и за возрасните и за децата.

Битолско млеко, Bimilk – победник во категоријата млеко

Не заборавајте дека млекото игра важна улога во здравата исхрана, и тоа, во севкупниот контекст на исхраната и во внесувањето хранливи материи и калории. Затоа, Битолско трајно млеко со 2,8% млечна маст е идеален избор за целото семејство и претставува дневна доза здравје за вашите деца.

Гурмано ајвар  – победник во категоријата ајвар


Совршен деликатес, кој го препознаваме од прва – македонскиот цар – ајварот Гурмано е создаден за најпрефинетите познавачи, за оние вистинските гурмани. Ајварот Гурмано се прави само од домашни и најквалитетни пиперки од пелагонискиот регион. Приготвен по традиционална рецептура, со вкус како да е штотуку изладен во теглите.

Му фали само едно. Мерко лепче! И сиренце. И јогурт! Иако, во денешно време опциите се неброени: со крекери, со пченкарен чипс, во манџи или со месо… Всушност, видете вака, на #Gurmano ајварот не му фали ништо, тој ни фали нам ако не ни е на дофат!

Zuber овошни барови – победник во категоријата барови

Прво, мора да ги пробате! А второ, да сумираме накратко: баровите Zuber се оригинален рецепт и се прееевкусни! Десерт или ужинка, без додаден шеќер, содржат урми и брашно од наут, хранливи јатки, а имаат малку калории, без глутен, па и вегански се! Не трчајте, има доволно за сите – само во маркетите „Рамстор“!

М сос од калинка – незаменлив вкус од турската кујна

Прочуениот сос од калинка е гордост на турската гастрономија, а сега им е достапен и на нашите сладокусци! Кисело-сладок, ароматичен и совршен додаток на многу кулинарски креации. Со само неколку капки, вкусот на салатите и супите добиваат нова димензија во која уживаме. Ексклузивно, М сос од калинка е достапен во маркетите „Рамстор“.

М путер од кикирики – победник во категоријата путер од јатки

Здравите масти и протеини се првата причина поради која путерот од кикиритки стана еден од најпопуларните производи. А фантастичната кремлива структура и совршениот вкус на М путерот од кикирики го направија вистинска ѕвезда од рафтовите на маркетите „Рамстор“. Совршен е сам по себе, но добредојден е и во многу солени и во слатки јадења: десерти, овесни каши, шејкови, сендвичи, колачиња, кексови, хумуси, салати, палачинки, специјалитети со месо…. можеме да набројуваме до утре, а вие?

Pringles Original – победник во категоријата грицки

Кога вие сте оригиналот, тогаш ги поставувате стандардите како да се прават нештата, а токму поради тоа Pringles Original прераснаа во култна грицка.

Базата им е компир, а сè преостанато е оригинална рецептура, облик и пакување поради кои уживањето во нив е назменливо. Совршени за секоја забава, дружење, излет, за на плажа, за брза ужинка, за вечерен филмски маратон, за секој момент и во секое време!

Гурмано лутеница – победник во категоријата лутеница


Ако ајварот Гурмано е царот на македонската трпеза, Гурмано лутеницата е некрунисаната царица! Неправедно. Бидејќи е еднакво совршена. За салата, за предјадење, за со секој залак од главното јадење, тајна состојка при готвење – лутеницата одамна не се мачка само на леб и не е само зимница. Продолжи да царуваш на нашите, но и на трпезите во светот!

Тонус Стандард – категорија леб

Тој е леб без брашно, направен директно од интегралното зрно на пченицата, доведено во состојбата на ‘ртење. Патентираната технологија за производство на лебот без брашно „Тонус” овозможува да се зачуваат сите корисни делови на зрното, вклучувајќи ги и никулците, алеуронскиот слој и повеќеслојните лушпи.

Бучен козјак овчо сирење – победник во категоријата сирење

Производството на автентични сирења е составен дел на културното наследство на Македонија! Овчото бело сирење на Бучен козјак (40 години традиција) е изработено по традиционален домашен рецепт, кој со својата сензорна и нутритивна вредност претставува незаменлив дел од нашата кујна.

Царот на шопската салата, задолжително мезе, незаменлив партнер на многу јадења, а да бидеме искрени, ниту чашата вино, ниту чашката ракија не исти без него!

Balans+ пробиотски јогурт – победник во категоријата јогурт

Пробиотски јогурт е одличен функционален и хранлив производ и замена за здрав оброк за рамнотежа во динамичното секојдневје. Со пробиотиците што ги содржи, функционалниот јогурт „Баланс+“ претставува и одлична напивка што го регулира варењето на храната и ја помага работата на цревата по само 10 дена секојдневна употреба.

Редовното консумирање на 500 мл дневно „Баланс+“ во рок од 10 дена може успешно да го регулира варењето и да превенира појава на лоши бактерии во дигестивниот систем.

Aloma 3 in 1, Nestle – победник во категоријата сладолед

Ние не ги чекаме топлите денови за да уживаме во свежина и вкусот на врвниот сладолед. Aloma 3 in 1 е нашиот избор – поради фантастичната кремлива текстура и одличните вкусови во кои уживаме, доволно за целото семејство, но и за ненајавените гости.

Chupa Chups – победник во категоријата слатки


Во 1958 се родени многу ѕвезди: Мадона, Мајкл Џексон, Принц, Штрумфовите и Chupa Chups! Детската искра треба да ја одржуваме жива засекогаш, бидејќи забавата ни е потребна цел живот, не само во детството, па затоа им се навраќаме на совршените комбинации на вкусови, а некои од нив за нас се вистинска уметност. Кога сме кај уметноста, глобално познатото лого на Chupa Chups е дизајнирано од познатиот сликар Салвадор Дали.

Тузланска сол – победник во категоријата класици

Во изминативе 138 години, многу нешта се сменија, само таа остана иста – тузланската сол.

Квалитетот на овој производ и беспрекорната хемиска чистота продолжува да ги краси јадењата и трпезите во целиот регион, поради што го заслужува статусот на легенда од супермаркетите.

Хималајска сол Извор – секојдевен извор на минерали

Стопроценти природна, хималајската кристална сол изобилува со микроелементи и минерали, а оттаму и нејзината розовкаста нијанса. Во дамнешните времиња, ја нарекувале кралска сол, бидејќи била резервирана за членовите на кралските семејства, а денес ни е достапна на сите – за создавање врвни гурмански задоволства.

Еврозачин – во секоја манџа е зачин!


Во секоја манџа – зачин! Но нека биде „Еврозачин“! Создаден како идеална комбинација за извонредни кулинарски искуства. Добредојден во повеќето солени јадења, од мали закуски до најбогатите гозби за целосен и богат вкус.

Divella – победник во категоријата тестенини

Сите уживаме во италијанските тестенини во сите нивни облици, но нашите читатели и гладната редакција ги избраа макароните Divella како најблескава ѕвезда од супермаркетите. Совршена форма за љубителите на креативната кујна, кои секогаш смислуваат нови сосови.

Гурмано пиперчиња со сирење – најдоброто мезе!


„Црвените“ од препознатливата четворка на Гурмано пиперчиња со сирење. Минијатурни, дебелки пиперчиња, полни со кремаво и нежно сирење. Би можеле да ги користите како стартер, како прилог, како естетска компонента во аранжирањето на порцијата, нема граници! Освен ако служите и ракија со нив… 😉

Nescafé Classic – победник во категоријата кафе

Започнете го вашиот утрински ритуал со одличниот вкус на Nescafé Classic. Внимателно одбрани зрна кафе „робуст“, печени на експертски начин за вашиот омилен, богат и интензивен вкус на кафето. За нашите и ваши перфектни утрински моменти.

Fisherman’s Friend Original – победник во категоријата пастили


Силни во грлото, свежи на јазикот и ледени на здивот. Формулирани се во 1865 година и оттогаш им се омилени на сите. Со својот совршен, уникатен и оригинален спој на еукалиптус и ментол, овој вкус е иконичен од самиот почеток – често имитиран, но неспоредлив и ненадминат.

Медено срце Пионир – победник во категоријата колачиња

Уникатно поради неговата совршена комбинација на зачини и прелив од вистинско темно чоколадо. Медено срце со 40-годишна традиција е синоним за љубов и вкус, кој не враќа во прекрасниот свет на детството. Идеален за време на постот и сите времиња кога сакате да му се препуштите на вкусот на совршеното слатко.

Бучен козјак овчо кисело млеко – природно!


Нераскинлив дел од нашата национална гастрономија – овчото кисело млеко. Овчото кисело млеко на „Бучен козјак“ се прави од најквалитетното овчо млеко, кое потекнува од нашата земја, без додатоци, па оттаму и автентичниот препознатлив вкус. Овчото кисело млеко на „Бучен козјак“ содржи и висок процент на калциум и цинк, што го прави исклучително корисно за здравјето.

Ова се нашите производи спасители односно оброци или ужинки кои може да ги носите секаде со себе, производи – легенди, оние што се нераскинлив дел од нашата традиција, производи чувари на витата линија или производи партнери на секоја забава, најдобро друштво за филмска ноќ или цареви за добро расположение. Побарајте ги победниците во маркетите „Рамстор“!

Подготвиле: Анастасија Димеска и Верица Донева

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.