Премиера! Warner Bros и Sara Fashion! (ФОТО)

Се сеќавате на репликата: ,,Мислам дека го видов мацолот?” од познатиот цртан филм Tweety со кој пораснаа многу генерации? Tweety е повторно тука! Изненадување од Сара Фешн оваа сезона!

По успешните преговори, Сара Фешн може да се пофали со лиценцата за продажба на Warner Bros брендирани производи на Балканот.

Првата колекцијата во која ќе може да ужива целото семејство е Тweety колекцијата. Вискоквалитетни памучни килоти, долни маици, пижами, но и чорапи со интересни принтови со ликот на малата жолта птица ќе ги израдуваат најмалите, но и ќе ги вратат возрасните во нивното детство.

Малиот, жолт канаринец, кој постојано се надмудрува со мачката Силвестер, им е омилен на многу генерации, а во последните години е популарен и помеѓу тинјџерите кои знаат да го искомбинираат во секојдневниот, street моден изглед. Интересна информација е дека токму минатата година беше и јубилеј на Tweety и овој 80ти јубилеј беше прославен низ целиот свет од страна на фановите.

Овие интересни чорапчиња, килоти и маички се одлична идеја за подарок за вашите најмили, но и весел додаток во сечија фиока.

Пижамите со Тweety, освен со супер оригиналниот дизајн, се карактеризираат и со совршена мекост и удобност, па во нив ќе спиете многу помирно отколку малиот Твити кој постојано е на штрек поради мачката Силвестер.

Квалитетот на овие производи е незаменлив, а Сара Фешн најавува дека ова е само почеток на приказната и наскоро може да се очекуваат и други колекции со омилените херои од Warner Bros. Со ова ќе биде опфатена огромната група на обожаватели на овие ликови и ќе внесе нова доза на разиграност во продажните салони на Сара Фешн.

Следете ги за многу нови, возбудливи новости и побрзајте да го купите вашето омилено парче со Тweety!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.