Подарок за 1 читателка: Луксузен Modern Matte Powder Lipstick на Shiseido

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„Орбико“ ќе израдува една читателка на мартовскиот број на „Убавина издравје“ со луксузен кармин Modern Matte Powder Lipstick од брендот Shiseido.

Оваа формула обезбедува мат-боја со целосна покриеност, која се чувствува како мека завршница во прав на усните. Уникатната мешавина од восоци и масла се топи и се трансформира во ултратенок слој, додека сферичните пигменти се распределуваат на усните за да ги „замаглат“ несовршеностите. Достапен во 24 нијанси инспириран од живиот ноќен живот на Токио, овој кармин обезбедува осум часа богата, кадифена боја на усните. Тестиран од дерматолог.

Доколку сакате да го добиете подарокот, кој дефинитивно ќе ви помогне да постигнете компелтен изглед на една дама, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во април.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.