Подарок: Shiseido Perfect Hydrating BB Cream

За рамномерен и блескав тен

Една читателка на „Убавина и здравје“ има можност да добие на подарок од „Орбико“ хидратантен тониран крем за лице Shiseido Perfect Hydrating BB Cream.

Мултифункционалниот ББ-крем со мејкап-ефект и со придобивки за негата на кожата, е наменет за светла и вибрантна кожа, која благодарение на него е добро хидрирана и заштитена од УВ-оштетување. На кожата ѝ дава рамномерен и блескав тен, со здрав сјај, прикривајќи ги проширените пори и другите недостатоци и минимизирајќи ги нерамномерностите на нејзината површина.

Сè што треба да направите за да го добиете овој прекрасен подарок од „Орбико“ и „Убавина и здравје“, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во јули.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.