„Невидливиот чувар“ и „Малтерего“: Подароци за 2 читатели

Овие и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Издавачката куќа „Антолог“ ќе израдува двајца читатели на „Убавина и здравје“ со две ремек-дела на книжевноста.

„Невидливиот чувар“ на Долорес Редондо е првата книга од „Бастанската трилогија“, преведена на повеќе од 20 јазици. Филмската верзија е изработена од страна на продуцентите на трилогијата „Милениум“ на Стиг Ларсон.

По многу години минати надвор од Елисондо, инспекторката Амаја Саласар се враќа во родниот град за да го најде убиецот што ги избира своите жртви меѓу младите девојки. Тој ги задушува и ги остава голи во шумата следејќи некој вид мрачен ритуал. Додека се обидува да го изгради профилот на убиецот и да ги реши убиствата, Амаја мора да се соочи со сеништата од сопственото минато. Тоа се мрачни епизоди за кои никогаш не зборувала и што ја принудиле да замине без желба да се врати, но измешани и со старите народни верувања од областа Навара.

Фасцинантна приказна во која тајните и легендите се испреплетуваат со ужасни злосторства. Што кријат бастанските шуми?

Малтерего“ –  Марко Шелиќ Марчело

Роман полн насилство, сепак роман што го презира насилството. Давид Албахари така некако го опишува „Малтерего“.

Виорот од случувања прави да се поместат границите на сонот и јавето, моралот и тонењето. Вистинска лавиринт-драма!

Главниот лик, младиот и талентиран Лео, е ставен пред изборот на насилството да (не) одговори со истата мера. Неговата автотерапија е водена во вид на дневник на бесот, во кој имагинарниот одмаздник, неговото (М)алтерего, брутално ја спроведува правдата – сè до денот кога трупот од неговата приказна ќе се појави во стварноста.

Една омразена водителка ја наоѓаат мртва само еден ден по „незгодното“ ТВ-интервју со Лео – и тоа падната од голема височина на место каде што нема згради. Од каде се нашла тука? Сигурно не паднала од небо? И кој ја убил? Има ли тоа некаква врска со Лео или со Малтерего? Дали бележникот станал немоќен да ги собере (и да ги задржи) бурните пориви на Лео против оние што му згрешиле?

Доколку сакате да ги добиете овие ремек-дела на подарок, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од јулската „У&З-лавина од подароци“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во августовскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

Фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.