Кара Делевин и Ешли Бенсон го изговорија судбоносното „да“ облечени во црно: Ги венчал Елвис
Церемонијата ги чинела 250 евра
Манекенката Кара Делевин и актерката Ешли Бенсон пред еден месец ја потврдија својата љубовна врска.
Девојките биле во врска година и пол, а за време на романтичниот одмор во Европа, видени се со идентични прстени на улиците на Сан Тропе.
Возбудените обожаватели веднаш почнаа да нагаѓаат дали девојките се свршиле за време на романтичниот излет на југот на Франција.
Имено, најновата вест што одекна во јавноста е дека двете го изговориле судбоносното „да“ на романтична церемонија.
Заветите ги размениле во капела во Лас Вегас, а и двете биле облечени во црно, а Ешли го носела бидермаерот.
Дека нивната венчавка била планирана потврдува присуството на познати личности, меѓу кои браќата Џонас, Шарлиз Терон и Софи Тарнер.
Ги венчал матичар облечен како Елвис Присли, а церемонијата ги чинела околу 250 евра.
Фото: Инстаграм, Getty Images