Embryolisse Lait-Creme Concentre – Култниот крем во светот на славните на подарок за 1 читателка!

Откријте ја француската тајна за убава и негувана кожа!

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

„Ембриолис“ ќе израдува една читателка со култниот крем Embryolisse Lait-Crème Concentre.

Универзалниот крем за лице Embryolisse Lait-Crème Concentré  ги содржи исклучиво неопходните активни состојки со цел истовремено да ја хидрира и регенерира кожата, па токму затоа станува неизоставен избор на професионалците.


Покрај улогата на хидратантен крем, тој се користи како подлога за шминка, па дури и за нејзино отстранување.

Негувачките состојки, како ши-путер, алое вера и протеини од соја, го подобруваат тонусот на кожата, истовремено стимулирајќи го обновувањето на клетките и колагенските влакна. Уште една предност на Embryolisse Lait-Crème Concentréе е тоа што може да ја користи секој, без оглед на годините или состојбата на кожата.

Кремот многу ефикасно ја смирува осетливата кожа, ја храни сувата кожа, а исто така повторно го гради хидролипидниот слој кој ја штити кожата од влијанијата на надворешната околина.

lait creme

Како се употребува?

Тајната на успехот на Embryolisse Lait-Crème Concentréе е неговата мултифункционалност.

1# Како хидратантен крем и како подлога за шминка, нанесете во тенок слој на цело лице на сува и чиста кожа.

2# Како млеко за чистење нанесете од кремот на памучен туфер и нежно исчистете ја шминката и нечистотијата.

3# Како маска нанесете во подебел слој еднаш до два пати неделно и оставете да дејствува.

4# По сончање нанесете од кремот за да ја хидрира и смири кожата.

5# По бричење се нанесува за да ја смири и хидрира кожата.

Сè што треба да направите за да го добиете овој прекрасен подарок од „Ебриолис“ и „Убавина и здравје“, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во септември.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.