„Анабела паримерии“ со подарок за длабинска и темелна нега на лице за 1 читателка: Сет Clinique

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„Анабела парфимерии“ на една читателка на „Убавина и здравје“ ѝ подаруваат сет од мицеларна вода за чистење лице и крем за нега на кожата околу очите Clinique.

Clinique’s All About Clean All-in-One Micellar Milk + Make up Remover претставува решение две-во-едно за забрзување на вашиот режим за нега на кожата. Неговата лесна формула лесно ги брише сите агресори и нечистотии од кожата на лицето и вратот, па дури и најтврдокорните остатоци од кармин на усните, истовремено обезбедувајќи освежувачки комфор при подготовката на кожата за следните чекори во вашата рутина пред спиење.

Clinique All About Eyes ™ е лесен крем развиен за да обезбеди интензивна хидратација и да ја смири деликатната кожа околу очите. Погоден е за сите типови кожа и офталмолошки е тестиран. Неговата крем-гел формула ги намалува подочниците, темните круговиоколу очите и фините линии (брчки) давајќи ви изглед на ревитализирани и блескави очи. Се впива без напор во кожата и работи ефикасно икако прајмер – ја фиксира шминката на очите на своето место.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во јануари.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.