Нејзината откачена природа беше придружена со бизарни стајлинзи: Скандалозната пејачка е позната по блудниот живот и бунтовниот стил

Сите модни комбинации на Мајли Сајрус

Модните комбинации на Мајли Сајрус се вистински приказ на сите фази низ кои има поминато, а кои најчесто беа скандалозни

Мајли Сајрус беше една од омилените тинејџерски ѕвезди, но со текот на времето титулата „најслатко девојче“ ја замени со титулата „најскандалозна пејачка“. Почна да води развратнички стил на живот и на тој начин привлече големо внимание.

Нејзиното скандалозно однесување беше придружено со бизарни стајлинзи кои најдобро ги отсликуваат фазите низ кои минуваше Мајли. Ретки се моментите во кои можевме да ја видиме во примерна облека.

Разголувањето, бунтовничкото однесување и пушењето марихуана можеби се дел од созревањето, но Мајли отсекогаш ги преминувала границите. Освен на сценските настапи, кои понекогаш изискуваат специфичен стајлинг, Мајли и приватно носеше облека која привлекуваше внимание и предизвикуваше чудење.

Погледнете некои од нејзините најбизарни комбинации…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.