Ким Кардашијан на столбот на срамот: „Таа е доказ дека, без разлика колку пари имате, не можете да купите достоинство“ (ФОТО)
Стајлингот на ријалити-ѕвездата ги разгневи верниците
Ким Кардашијан (40) неделава е во Италија, каде што одлучи да го посети и Ватикан. Иако е познато дека често избира несоодветна облека, сепак овојпат предизвика лавина од негативни коментари на Твитер.
„Ким, немаш ли ни трошка пристојност? Знаеме дека немаш добар вкус, но мора ли да го покажеш телото на овој начин во ВАТИКАН? Големо непочитување…“
„Кога сакав да одам во Ватикан морав да купам шал да си ги покријам рамената бидејќи носев блуза без ракави. Не ми се верува дека ја пуштиле без да ги покрие рамената“.
„Нема никакво почитување кон институцијата…“, коментираат револтирани твотерџии на популарната социјална мрежа.
View this post on Instagram
„Ова е доказ дека без разлика колку пари имате, не можете да купите достоинство“.
„Дали навистина мислела дека ова е соодветна облека?“, пишуваат други.
Инаку, Ким не беше сама во Ватикан – друштво ѝ правеше нејзиниот идол Кејт Мос, како и ќерката на супермоделот. За разлика од Ким, Кејт и ќерка ѝ одбрале посоодветна облека.
Супермоделот носеше црн фустан со рамки, како и кошула со која си ги покри рамената. Нејзината ќерка носеше долги син фустан, во комбинација со црно сако.
Сепак, во некои градби, како базиликата Свети Петар, кодексот за облекување е многу строг, па Ким изгледа била присилена да облече долг црн мантил пред да влезе внатре.
Фото: Инстаграм