Фустанот на Ема Корин го споредуваат со кеса за ѓубре: Сите ја советуваат да го промени стилистот поради ОВОЈ детаљ

Необично издание

Актерката Ема Корин се појавила на филмскиот фестивал во многу необичен фустан што многумина ги потсетил на кеса за ѓубре

Лондонскиот филмски фестивал беше обележан со дефинитивно најнеобичната модна комбинација што јавноста имала можност да ја види во последно време. Имено, станува збор за фустанот на Ема Корин.

Фустанот што го носела актерката доаѓа од ателјето JW Anderson, а осмислен е со цел да потсетува на златна рипка врзана во пластична кеса.

Ова не е првпат Ема да се појави во необично издание, а за тоа заслужна е соработката со Хари Ламбер. Овој пат се надминала, па неверојатната креативност повторно дошла до израз.

Специфичниот фустан неодамна бил претставен на модната писта како дел од ревијата на JW Anderson за пролет 2023 година. Визуелните мотиви како што се делфини, зајдисонце и планетата Земја ѝ дале печат на оваа колекција.

Ема ја споделила фотографијата и на својот инстаграм-профил, а нејзините следбеници шокирано го коментирале нејзиниот избор.

„Немој никогаш повеќе да облечеш нешто вакво“, „Промени го стилистот“, „Ужасно“, „Кеса за ѓубре“, се само некои од коментарите.

Ни најскапите тоалети не успеаја да ги засенат БАЛОН-потпетиците на актерката (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.