Во нив нозете изгледаат вити и долги: Овие панталони се апсолутен пролетен хит!

Тренд што ќе го обожавате

Мора да го имате ова парче во гардероберот

Пролетта нема да може да помине без овој модел на панталони. Ако сакате да ги следите трендовите, тогаш задолжително мора да набавите панталони со висок струк. Според модните експерти, тие високо ќе котираат на модната листа.

Плитките фармерки потполно заминаа во заборав, а овие со длабок струк сега настапуваат на сцена. Не е ни чудно што толку брзо станаа популарни, со оглед на тоа што ѝ ласкаат на сечија фигура и прават нозете, но и струкот, да изгледаат визуелно повито.

Може да се носат во комбинација со рамни, но и со обувки на високи потпетици – во двата случаја ќе изгледаат феноменално.

Експертите за мода препорачуваат да се носат со пократки маици или кошули.

Дали ви се допаѓа овој крој и дали можеби веќе го имате овој модел во гардероберот?

Макси-фустаните во бохо-стил се повторно ИН: Еве како да ги носите како вистински трендсетерки!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.