Трендсетерките полудеа по овој фустан: Ретро-модел во кој секоја жена изгледа вито!

Тренд број еден!

Совршен модел за летните денови

Ако сакате да изгледате вито и да ги сокриете килограмите на стомакот и на бутовите, вистинскиот избор за вас е фустан со А-крој. Овој ретро модел станува сè поактуелен, па освен што ќе изгледате одлично, ќе ги испочитувате и водечките трендови.

Овој разигран крој поради начинот на кој паѓа и должината ги сокрива сите недостатоци, а ги нагласува најубавите делови на телото. Доколку додадете и интересен ремен на половината, ќе создадете фигура на песочен часовник, која е сон на многу жени.

https://www.instagram.com/p/CCvTReOoN72/?utm_source=ig_embed

Ако, пак, додадете и пар сандали на потпетица, стајлингот ќе биде за чиста десетка, како и вашата фигура.

Мал трик на стилистите: Моделот со изразено деколте како овој ќе направи целата фигура да изгледа уште потенко.

https://www.instagram.com/p/CAqQ38fI0qe/?utm_source=ig_embed

Дали ви се допаѓаат ваквите фустани?

Фустанчето по кое сите полудеа: Мини летен фустан што освојува со едноставноста и убавината
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.