Сакате сите да гледаат во вас? Овие фустани морате да ги имате

Летни комбинации

Нашата летна гардероба никогаш не е целосна без фустани во кои знаеме дека ќе изгледаме одлично во било која прилика. Нема бирање и комбинирање: облекувате летен фустан и еве ве во надоброто можно издание.

За да можете во текот на летото да бидете подготвени за секоја прилика, доволни ви се само три фустани, кажуваат стилистите. Но, тоа мора да бидат феноменални летни фустани. Да ви олесниме, направивме мал избор на нашите фаворити – три памучни фустани подготвени за лесно и шик сезонско издание. На нив можете да се потпрете во секој момент, било да тргнете во канцеларија или на ручек со пријателите.

Потпирајќи се на важните летни трендови кои имаат романтични детали и суптилни кроеви, одбравме модели кои се пријатни за носење и прилегаат на сите фигури. Во овие удобни, памучни фустани, сигурно ќе добиете комплименти каде и да отидете.

Романтичен летен фустан

Фустан со шарени детали, покрај овие, не бара некој посебен аксесоар, туку самата по себе остава впечаток. Ние се заљубивме во нејзините женствени пуфкасти ракави и цветен принт по целиот крој кој на оваа памучна креација ве прават незаборавни. Сечен е под струкот, па можат да ја носат и жени кои не се идеално витки. За нив, погоден е благо модифициран модел: кратко наместо пуфкасти ракави и во V излез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WAYF (@wayfclothing)

Мал бел фустан

Токму како што црниот фустан е неопходен за забави, така летото е незамисливо без белиот фустан. Ова парче облека без кој летниот гардеробер не може да се замисли и кој се носи секое наредно лето – никогаш не излегува од мода. Оваа сезона не привлече класичниот крој на памучни мини фустани. За слабите – идеален е струкиран фустан, додека за девојките со облини можат да одберат модел на преклоп. Облечете пар спортски сандали и подготвени сте за долги прошетки и летни забави.

Фустан – кошула

Популарноста на овој модел не излегува од мода веќе некое време. Овој модел, благодарејќи на необичното врзување напред, го одржува балансот помеѓу опуштеното и софистицирачко чувство, и дава модерно класичен крој со пруги. Ова парче облека може да се носи како фустан или да се комбинира и стилски да се прилагодува на разни прилики. Опуштениот летен аксесоар и големите торби се за викенд, додека високите потпетици и класичната торба можат да бидат вистински избор за деловен изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Derek Lam 10 Crosby (@dereklam)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.