Одлично ѝ прилегаат, а не се за секого: Чевлите на Јелена Ѓоковиќ се вистински хит во светот, а цената им е висока (ФОТО)

Салонките на Јелена се сон на многу дами.

Јелена Ѓоковиќ веднаш по одморот се фрли на работа. Додека нејзиниот сопруг Новак ја освојуваше титулата во Синсинати, таа почна да се подготвува за серијалот предавања што ќе го организира фондацијата на Новак.

За својот деловен стил, Јелена избра една од најмодерните комбинации на бои – тесно здолниште во камел-нијанса и машка кошула во „новата неутрална боја“ – бебешко сината. Највпечатливи, сепак, се фантастичните полусандали познати на социјалните мрежи како моделот „slingback“. Предниот дел е во „гола“ боја, а лентата над петицата го открива иконскиот модел на Диор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

„J`Adior“ е слоганот испишан лентата, што е игра на зборови за францускиот израз „J`Adore“ (обожавам). Елегантната салонка има зашилен врв, а петицата е малку закосена во форма на запирка.
Направена е во неколку верзии, меѓу другото, со повисока (10 см) и пониска (4 см) потпетица. Ѓонот е украсен со мала златна ѕвезда.

Инфлуенсерите се маѓепсани од овој модел и ја шират неговата слава низ целиот свет. И покрај цената од 1.000 евра, овие полусандали се распродадени со брзина на светлината.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.