Најпознатиот чевлар во светот: Салваторе Ферагамо- На девет години дизајнирал чевли за сестра му.

Легендарен дизајнер што остави траен печат во модната индустрија. Тоа е Салваторе Ферагамо попознат како чевларот на ѕвездите.

Еве неколку работи што можеби не сте ги знаеле за него. Бил единаесетто дето од вкупно 14 во семејството. На девет години дизајнирал чевли за сестра му.

Започнува да го учи занаетот уште на 11 годишна возраст. Првата продавница ја отвора во куќата на неговите родители.

Големиот успех го постигнува во Холивуд со отворање на работилница за поправка и изработка на чевли по мерка. За да подобро да ги запознае стапалата, се запишал на универзитет да студира анатомија. Тој дизајнираше ексклузивни модели на чевли за некои од најголемите ѕвезди како Мерили Монро и Ева Перон.

Сандалите на платформа за прв пат беа изработени од негоава рака и тоа за Џуди Гарланд. Ферагамо успеа да се издигне од банкрот, поради фактот што ангажираше 700 врвни занаетчии, коишто изработуваа 350 пара чевли секојдневно.

Покрај луксузни чевли неговата империја понатаму вклучи и чанти, шминка за очи, свилени модни додатоци, часовници, парфеми како и ready-to-wear колекции. По смртта во 1960 наследството остана на сопругата Ванда и шесте деца.

Во негова чест, во 1995 беше отворен музеј во Palazzo Spini Feroni во Фиренца.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.