Облечете се вака и струкот ќе ви изгледа двојно потенок: Секоја жена треба да ги знае овие стилски трикови!

Совет на експерти

Тенок струк без гладување и вежбање? Да, возможно е – еве како!

Речиси секоја жена сонува да има фигура на песочен часовник, а со овие трикови, возможно е да се постигне тоа за неколку минути.

Иако вежбањето и здравата исхрана се сигурен пат до посакуваната фигура, доколку ви требаат резултати веднаш, добро ќе ви дојдат овие стилски совети. Ако се облечете вака, струкот ќе ви изгледа двојно потенок…

Одвлечете внимание

Голите рамена се одлично решение, како и нагласеното деколте, бидејќи ќе го одвлечат вниманието од струкот.

Панталоните со висок струк ви се најдобар пријател

Панталоните со висок струк совршено ќе ви ја обликуваат фигурата и ќе создадат изглед на песочен часовник.

Кратка маичка

Cut-out, ултимативниот тренд оваа сезона, неочекувано може да им ласка на облините или да создаде илузија на облини таму каде што ги немате. За таа цел може да ви послужи и кратката маичка што открива само мал дел од кожата над здолниште или панталони со висок струк.

Размислете за потполнки

Широките рамена автоматски создаваат изглед на песочен часовник и за миг прават струкот да изгледа визуелно потенко. Добрата вест е што потполнките се актуелни и оваа сезона, а на врвот на модната листа ќе се задржат уште некој период. Затоа, слободно набавете си маици, кошули и фустани со овој детаљ.

Предимензионирана кошула

Многу практичен тренд што го обожаваме, бидејќи дозволува бројни можности за стилизирање, а можеме да ја користиме и за да го нагласиме струкот.

Како да носите миди-здолниште на модерен начин?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.