Никој не знае да се среди како неа: Само со изборот на боја на комплетот избришала 10 години од лицето!

Изгледа многу младолико

Пенелопе Круз покажала што значи моден вкус, па на доделувањето награди се појавила во барби-розов комплет, кој направил да изгледа младолико

Една од најубавите холивудски актерки Пенелопе Круз се појавила на доделувањето награди во рамките на Интернационалниот филмски фестивал во Сан Себастијан.

Во таа пригода, таа добила важна награда за голем придонес во шпанската филмска индустрија Premio Cinematografia 2002.

Актерката ја гази петтата деценија од животот, додека на доделувањето награди ги засенила сите присутни со својата модна комбинација, која направила да изгледа помладо.

Имено, Пенелопе заблескала во барби комплет на „Шанел“, кој истовремено ја направил елегантна и младолика. Актерката е позната како верна љубителка на оваа модна куќа, па станала и нивна амбасадорка.

Розовиот комплет од твид е одличен избор за свечени пригоди од ваков карактер, додека бојата му дава впечатливост. Комплетот совршено ѝ стоел, додека црната коса во контраст со розовата ѝ помогнала да заблеска.

Актерката се одлучила и за впечатливи обетки од истиот моден бренд, кои одлично се вклопиле во целиот стајлинг, давајќи му доза гламур. Изборот на фризура бил полн погодок, правејќи ја да изгледа младолико.

Се чини дека Пенелопе ги обожава ваквите комплети, па во уште една пригода била видена во слично издание.

Пенелопе Круз ги „излуде“ сите во Шпанија – Нејзиниот стајлинг го ОБОЖАВА секоја деловна жена, а еве зошто! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.