Најубавата холивудска русокоса прошетала во Њујорк: Родила три деца, си ја вратила линијата и се појавила најзгодна досега!

Блејк Лајвли

Модната недела во Њујорк беше обележана со ревијата на Мајкл Корс, кој ја претставил својата колекција за есен/зима 2022. Покрај спектакуларните креации, големо внимание привлекле и познатите што се појавиле на ревијата, а меѓу нив заблескала и актерката Блејк Лајвли

На ревијата на Мајкл Корс се појавиле познатите жени од Холивуд, и додека повеќето од нив биле во спортски комбинации, предимензионирани јакни, тренерки и капути, Блејк Лајвли го украла вниманието на присутните во небесно син комплет. Актерката која се прослави со улогата на Серена во хит-серијата за тинејџери „Озборувачки“, изгледала како штотуку да слегла од модната писта во сензационалното издание во светлосини тонови.

Краткиот топ што ѝ го открил витиот струк, атрактивната русокоса актерка го искомбинирала со пенсил-здолниште, сако и заводливи потпетици со ременчиња. А целата комбинација ја зачинила со црвен кармин и романтични бранови.

Покрај Блејк на ревијата се појавиле Ирина Шајк, сестрите Бела и Џиџи Хадид, Ана Винтур, Емили Ратајковски и многу други, но како што споменавме, само Лајвли била елегантно облечена, додека другите биле во опуштени, лежерни комбинации.

Да се потсетиме, Блејк и Рајан Рејнолдс се запознале во 2010 година за време на снимањето на филмот Green Lantern, но првото заедничко излегување Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го организирале една година по запознавањето на сетот. Биле во врска со други луѓе, но меѓу нив пламнале љубовни искри, а нивната врска била крунисана со брак во 2012 година, по што пристигнале и три девојчиња, во период од неколку години.

Како ви се допаѓа ова издание на прекрасната актерка?

Блејк Лајвли демонстрира како да изгледате импресивно во… плетен фустан! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.