Инспирирајте се: Најдобрите модни комбинации во црвена боја

Пролетните денови предизвикуваат светли бои и живи дезени, а Денот на вљубените дополнително инспирира носење црвени нијанси.

Февруари е месец кој не’ потсетува дека пролетта е веднаш зад аголот, што особено ги радува љубителите на полесна облека (а е и месец на љубовта!).

Во овој јаз помеѓу мрачното, студено време и топлите сончеви денови, нашата облека е своевиден микс на омилените зимски и пролетно/летните новитети.

Бидејќи многу нешта славиме во февруари, со додавање на црвената боја во вашата облека, добивате гаранција дека ќе бидете во тренд во секое време.

Трансформативната моќ на црвената боја од светлоцрвено-портокалова до темноцрвена нијанса (со виолетова подтон) е причината зошто дизајнерите ја обожаваат и ја рангираат меѓу водечките парчиња во најновите колекции. Раскошот на бојата го прави секој стајлинг ефикасен – и тоа е она што го сакаме кај него.

Како да носите црвена оваа година?

Разновидноста на црвената боја најдобро се гледа во примероците. Од лежерни стајлинзи, во кои црвените панталони со праволиниски крој ќе ги комбинирате со бела предимензионирана кошула и фармерки со црвен џемпер, преку романтичен изглед во мини и миди-фустани украсени со тантела, до вечерни тоалети со црвено сако во главна стилска улога – инспирирајте се од комбинациите што ние ги избравме за вас!

255159390_194395686100183_1856260641019029306_n.jpg

140927415_764045284464850_2598945641343937862_n.jpg

135337221_112766007377650_3211551320625156322_n.jpg

101524907_251154075974498_7895606744584251137_n.jpg

268620532_1006055853668894_4812430691766387126_n.jpg

92968616_230645258020030_4088768550223708226_n.jpg

257434207_318193553107168_2900203782259549715_n.jpg

273077991_3084681728486537_3500429712477195595_n.jpg

profimedia-0633936663.jpg

242194137_378891987167676_194880371447269394_n.jpg

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.