Фустанот на Викторија Бекам ја засени венчаницата на снаата: Свилена креација со детали што воодушевуваат!

Како ви се допаѓа?

Синот на Бекам се ожени, а неговиот гест на венчавката ги воодушеви присутните

Бруклин Бекам (23), синот на Дејвид и Викторија Бекам, викендов се ожени со американската актерка Никола Пелц (27). Луксузната венчавка се одржа на грандиозниот имот на семејството Пелц во Палм Бич, кој се простира на повеќе од 4.000 квадрати.

Ексклузивните фотографии од венчавката би требало да се појават во наредниот број на магазинот „Вог“, па досега можевме да го видиме само тоа што го фотографирале најупорните папараци. Познато е дека на венчавката присуствувале принцот Хари со сопругата Меган Маркл, тенисерката Серена Вилијамс и актерката Ева Лонгорија, како и дека Дејвид и Викторија биле синоним за ненадминлива елеганција!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Notizieweblive.it (@notizieweblive)

Додека некогашниот фудбалер одбрал класичен црн костим со бела кошула и црна пеперушка, неговата сопруга изгледала величествено во сребрена тоалета. Прекрасната снаа на Бекамови блескала во раскошна бела венчаница, а превезот направен од најквалитетна ткаенина ѝ дал посебен печат на оваа скапоцена креација.

Сепак, најголемо внимание привлекол гестот на Бруклин Бекам, кој според медиумите, ги изненадил присутните. Имено, синот на Викторија и Дејвид во знак на љубовта, на своето име му го додал презимето на неговата сакана.

„Бруклин ја изгуби главата по Никола и ова е огромен знак на неговата преданост и љубов“, изјавил анонимен извор.

Венчаницата на Бекамовата снаа е уметничко дело: Едноставниот, бел фустан на Валентино со детали од француска тантела, скроен по мера, го одзема здивот (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.