ДОМАШНИ ПРОФИТЕРОЛИ: Се прават брзо и лесно, а вкусот им е подобар отколку од слаткарница

Средно тежок рецепт

Мислите дека приготвувањето слатки од варено тесто е бауч? Ви претставуваме рецепт што ќе ве увери во спротивното!

Состојки:

ЗА ТЕСТО
250 мл вода
125 мл масло
прстофат сол
2 лажици шеќер
150 г остро брашно тип 400
5 јајца

ЗА КРЕМ
1 пудинг од ванила
250 мл млеко
200 мл шлаг

ЗА ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ
100 мл слатка павлака
100 г чоколадо за готвење

Приготвување:

Во помал сад ставете вода, масло, сол и шеќер и оставете да зоврие. Додајте брашно и варете ја смесата додека добиете густа грутка тесто.

Малку изладете го, па вмешајте едно по едно јајце.

Матете го тестото со миксер додека се изедначи, па ставете го во слаткарски шприц.

На плех обложен со хартија за печење, Истиснете купчиња тесто со големина на орев и печете 20 минути во загреана рерна на 190 степени.

Изладете ги печените профитероли.

Измешајте го прашокот за пудинг со шеќерот и со малку ладно млеко, а остатокот од млекото сварете го и тргнете го од оган.

Во млекото додајте го изматениот прашок за пудинг и варете 1 до 2 минути мешајќи, па изладете го пудингот.

Замешајте го шлагот во изладениот пудинг. Ставете го кремот во слаткарски шприц и нанесете го во дното на секој профитерол.

Наредете ги во чинија за сервирање и прелијте ги со млак чоколаден прелив пред послужувањето.

За преливот, загрејте ја павлаката, додајте го чоколадото искршено на коцкички и мешајте додека  се растопи.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.