Брижит Макрон се појави во облека со која им ги замрзна погледите на сите (ФОТО)

Погледнете зошто!

Првата дама на Франција изгледаше неверојатно отмено, а долниот дел на комбинацијата крие вистински пресврт, клучен во целата модна приказна.

Брижит Макрон присуствуваше на свечениот прием во Кралската палата во Амстердам со својот сопруг, претседателот на Франција, Емануел Макрон. Домаќини им беа кралот и кралицата на Холандија, кои вчера ги пречекаа пред оваа зграда.

Првата дама на Франција ја искористи и својата облека за исполнување на сè што бара нејзината функција: умереност, елеганција и софистицираност, но и да биде една од најмодерните први дами на светската политичка сцена.

Таа вешто ги одбра деталите за овој настан, од обетките кои одлично се совпаѓаа со металните детали на фустанот до елегантната чанта. Косата ѝ беше собрана во гламурозна пунџа, а нејзиниот фустан е пример за вистински моден контраст.

Имено, додека горниот дел од облеката е богат со детали кои се повеќе од забележливи, долниот дел  е дискретен, монохроматски и исклучително едноставен.

Акцент ставила и во изборот на боите – тегет е симбол на елеганција.

Погледнете:

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.