Живот без секс: Дали недостатокот на желба за секс е болест?

Можете ли да го замислите животот без секс?

Уште од училиште младите ги учат на тоа дека примарни човечки потреби се храна, дишење, потреба од сон и секс. Но може ли да се живее без секс и дали недостатокот на желба за секс е болест?

Кога кажав на мојот гинеколог дека сум асексуална, таа веднаш постави дијагноза. Страдате од недостаток на сексуална желба, и ме упати на психолог. Да немам желба за секс денес се смета за болест, а поради таквата дијагноза ќе имам проблеми со дополнителното здравствено осигурување – вели 34-годишната Кети Редлоф.

Не толку одамна, недостатокот на желба за односи се сметаше за нуспојава на дијабетес и нарушувања на крвниот притисок, како резултат на депресија, траума и стрес, но сексолозите сега заклучија дека тоа е нормална појава, едноставно сексуална ориентација. Како што има хомосексуалци и хетеросексуалци, има и асексуалци. За разлика од човек кој се воздржува од секс од религиозни и морални причини, асексуалците се луѓе кои не доживеале сексуална привлечност или имаат сексуален нагон, но тоа не се изразува како желба да имаат секс со друга личност.

Животот без секс

Како може еден „обичен“ човек да дели живот со личност како примерот што ви го напоменавме погоре за асексуалната Кети Редлоф? Не, не ја привлекуваат жени, а кога размислува за деца, размислува за вештачко оплодување. Досега сменила четворица партнери со кои живеела во просек по три години, но тврди дека недостатокот на секс не бил причина за раскинувањето. Некои други со кои се обидела ѝ рекле дека врска без секс не доаѓа предвид или дека треба да побара стручна помош, а еден рекол дека за него „нема проблем се додека има две здрави раце“. Сега таа се надева дека ќе го најде „вистинскиот“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.