Застрашувачки прецизен тест на личноста: Имате ли храброст да го дознаете тоа што го криете и од самите себе?

Подготвени сте?

Со неверојатна прецизност ги открива вашите животни приоритети

Тестовите на личноста секогаш се популарни на социјалните мрежи, бидејќи можат на забавен и лесен начин да откријат многу за нас. Некои се базираат на визуелниот аспект, односно на тоа што ќе го видиме прво на некоја слика, а за некои, треба да бидеме активен учесник во приказната и да одговориме некои прашања. Ова е еден од нив!

Прочитајте ја приказната и одговорете што е можно побрзо и без многу размислување!

Постојат два острова. На првиот живеат двајца луѓе: едниот е дивјак, а вториот е цивилизиран човек. На вториот остров има неколку луѓе, меѓу нив е и девојка која е вљубена во цивилизираниот маж.

Девојката сака да оди на соседниот остров за да се запознае со љубовникот. Прашала еден човек кој поседува чамец, колку треба да му плати за да ја превезе на островот, а тој ѝ кажал дека не сака пари, туку дека ќе го стори тоа ако се соблече гола.

Девојката се шокирала, па не знаејќи што да прави, отишла кај мудрецот што живеел на нејзиниот остров за да ѝ даде совет и да ѝ помогне. Тој внимателно ја сослушал нејзината приказна и ја советувал вака:

„Направи го тоа што ти го кажува срцето, чедо мое…“

Девојката, сепак, одлучила да го прифати предлогот на чамџијата, бидејќи тоа било единствениот начин да го запознае нејзиниот сакан. И тие заминале на другиот остров. Меѓутоа, кога пристигнале, дивјакот што се нашол на брегот и целосно го изгубил разумот кога ја видел голата девојка и ја нападнал за да ја обесчести. Во истиот момент дошол цивилизираниот човек, односно љубовта на несреќната девојка, па кога ги видел двајцата голи, страшно се налутил и ѝ кажал на девојката дека не сака повеќе да ја види и дека мора веднаш да си оди.

Вашата задача е да ги оцените ликовите од приказната со бројки од 1 до 5 – од најдобар кон најлош. Значи, бројот 1 е за личноста што верувате дека е најдобра од сите, а бројот 5 го носи најлошиот лик во приказната.

Па така, подредете ги дивјакот, цивилизираниот човек, девојката, чамџијата и мудрецот според квалитетите.

Продолжете на следната страница за да го прочитате решението на тестот…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.