ТЕСТ: Што реално ве задоволува во сексот?

Земете лист и хартија и решете го нашиот тест!

1 а = П; б = А; в = Б; г = С

2 а = С; б = Б; в = А; г = П

3 а = А; б = С; в = П; г = Б

4 а = Б; б = А; в = С; г = П

5 а = П; б = А; в = Б; г = С

6 а = С; б = Б; в = П; г = А

Photo by Dainis Graveris on SexualAlpha

Најмногу А-одговори:

Авантуризам & страст

ВАШЕТО СЕКСУАЛНО БИТИЕ: имате многу силно либидо и тежнеете секогаш да го задоволите. Реални сте и не очекувате секој однос да ви биде интензивен, страстен и посебен, но ако работите преминат во рутина, ви станува здодевно.

ВАШИОТ ИДЕАЛЕН ПАРТНЕР… треба да има многу силно либидо и да сака да ве задоволува на разни начини. Она што потенцијално би можело да ви претставува проблем е партнер што не го вреднува сексот. Исто така, вашиот партнер мора да биде технички вешт и со бујна фантазија за да може да ве усреќи.

ВНИМАВАЈТЕ НА… својата склоност да го загубите трпението и да побарате задоволство надвор од врската штом ќе почувствувате дека партнерот не се труди доволно. Мора да сфатите дека и во најидеалните врски постојат подеми и падови.

Понекогаш е потребно да вклучите разни стимулативни средства и да им се вратите на основите на сексот. Соблечете се, заземете мисионерска поза и загледајте се во очите на партнерот.

Најмногу Б-одговори:

Блискост & емотивност

ВАШЕТО СЕКСУАЛНО БИТИЕ: сексот за вас е повеќе начин на кој се искажува љубов одошто физички акт, па затоа вас лесно можат да ве задоволат. Повеќе сте насочени кон емотивните бенефити од сексуалниот чин, а цел ви е поголема блискост, а не оргазам.

ВАШИОТ ИДЕАЛЕН ПАРТНЕР… треба да ѝ биде посветен на врската колку што сте и вие.

ВНИМАВАЈТЕ НА… својата тенденција да го жртвувате сексот за „галење на каучот“. Почесто иницирајте секс и тоа на неочекуван начин – фантазирајте, читајте и гледајте еротски материјал, бидете посебични кога се работи за вашите потреби. Нема ништо лошо во тоа да сакате повеќе оргазми.

Најмногу В-одговори:

Сигурност & препознатливост

ВАШЕТО СЕКСУАЛНО БИТИЕ: за вас идеален секс е оној што се одвива по утврдена шема. За него ви е потребно малку труд, а доволно ве задоволува и ве исполнува. Бидејќи се придржувате за истиот метод, за вас патот до оргазам е утврден и лесно го постигнувате во соработка со партнерот.

ВАШИОТ ИДЕАЛЕН ПАРТНЕР… е некој како вас, кој е повеќе заинтересиран за добар и редовен секс одошто за испробување нови техники што можат да разочараат.

ВНИМАВАЈТЕ НА… предлогот на партнерот да пробате нешто ново. Внимателно со новите техники за да изградите самодоверба при напуштањето на сигурната зона, бидејќи постои ризик да направите нешто што е контрапродуктивно.

Најмногу П-одговори:

Притисок & анксиозност

ВАШЕТО СЕКСУАЛНО БИТИЕ: уживате во сексот, но често го доживувате како притисок да го задоволите партнерот и за тоа како изгледате во креветот. Кај лицата од оваа категорија, обично, либидото е ниско или пак, доживеале непријатни искуства во минатото. Но ќе процутите доколку партнерот успее да ви ја врати сексуалната сигурност.

ВАШИОТ ИДЕАЛЕН ПАРТНЕР… внимателен, трпелив и емотивно интелигентен маж. За вас е поважно да ве разбира одошто меѓу вас да владее неподнослива хемија.

ВНИМАВАЈТЕ НА… вашата потреба претерано да компензирате. Поради послабо изразената потреба за секс, некои луѓе од оваа категорија спијат со многу партнери само за да им докажат на другите дека уживаат во сексуалниот чин.

Но ако одржувате сексуални односи од погрешни причини, со погрешни луѓе, ризикувате да се чувствувате безвредно. Направете пауза во сексот и поработете на самодовербата. Колку подобро се чувствувате, толку се поголеми шансите да запознаете некој што е вреден за вас.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images, Unsplash, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.