Ви ги откриваме „златните“ правила на светските убавици: Применете ги и ќе дојдете до идеалната става!

Дури и кога немате многу слободно време, личен тренер и армија помошници, сосема е изводливо да вежбате барем половина час дневно и здраво да се храните – по примерот на овие познати дами!

1 Златни правила на Гвинет Палтроу

Гвинет не ги брои калориите. Наместо тоа, таа одлучи секојдневно да вежба и да јаде само органска храна – верува дека таквата исхрана е услов за здрав и убав изглед.

„Цензурирано“ мени

Гвинет ретко си дозволува грицки и вино, а единствен грев ѝ се пржени компирчиња. Кога сака да ослаби, помалку јаде тестенини, леб и компир.

Фитнес-микс Нејзиниот фитнес-тренинг вклучува вежби со еластична лента и со тегови, клекнувања, дигање тегови (до 1,5 кг), кардио-аеробик и разни вежби за нозе. Гвинет тренира и на најголеми горештини и никогаш не брои – вежба додека има сила. Американската глумица признава дека најтешко ѝ било да се ослободи од трудничките килограми, но успеала и во тоа.

Фреквентни тренинзи Резултатите се видливи и со половина час танц-аеробик секој ден. Гвини оди и чекор подалеку – вежба од час и половина до два, шестпати неделно.

Сепак некои експерти не препорачуваат толку долги тренинзи, бидејќи посакуваните резултати – одржување на телесната тежина, намалување на стресот и зачувување на телесната маса – се постигнуваат и со помалку напорни тренинзи.

Од друга страна, Гвини го менува режимот на вежбите секои 10-12 дена за да активира различни групи мускули. Нејзината инструкторка е една од најбараните во Холивуд (Трејси Андерсон) и смета дека жените не треба да дигаат тегови потешки од 1,5 кг. Кога не е во можност да оди во фитнес-центар, глумицата вежба со ДВД на својата инструкторка или вози велосипед.

2 Џенифер Анистон

Диета „во зона“

Џенифер беше меѓу првите холивудски актерки што ја пробаа оваа диета.

Придржувајќи се до овој режим на исхрана, со исфрлување на мајонезот, сендвичите и пржената храна од моето мени, успеав да ослабам 14 килограми“, признава таа.

Освен тоа, актерката е вистински фанатик по јога.

3 Рис Видерспун

Беби-оброци

Холивудската актерка ги контролира бројот на калориите и големината на порциите, така што јаде храна од теглички за бебиња. Тоа воопшто не е лошо, бидејќи храната за бебиња е со врвен квалитет и содржи висок процент хранливи материи. „Многу е добра за ужина – можете секогаш да ја носите во чантата“, вели Рис.

4 Бијонсе

Краставица, авокадо и домати за ужина

А еве што јаде за ужина една од најпопуларните американски пејачки, која неодамна стана и мајка.

Претпочитам исхрана слична на диета. За ужина најчесто јадам свежа краставица, авокадо и домати.“

Популарната пејачка ужива и да танцува, бидејќи, како што тврди, танцот е фантастичен начин за одржување на кондицијата и на фигурата.

5 Ева Мендез

Нејзината тајна е: пешачење

Настојувајте да јадете свежо овошје и зеленчук. И пијте доста вода, бидејќи го забрзува метаболизмот“, препорачува актерката.

Таа обожава да пешачи и да го шета кучето. Освен тоа, Ева практикува и јога, која навистина претставува најдобар лек за душата и за телото.

Текст: Н.Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.