Што точно е кармичка врска и како да знаете дали сте ја доживеале?

Кои се карактеристиките?

Ако чувствувате силна врска со вашиот партнер, а разделбата од него ви е тешко да си ја замислите, можно е да сте во кармичка врска. Таквата врска е повеќе од чувство за „дежа ву“, иако и тоа е вклучено.

Ве плаши „дежа ву“?

Од друга страна, ако чувствувате силна врска со нив, но на негативен начин, тоа исто така може да биде знак дека сте во кармичка врска, рече Баис.

– Апсолутно можете да почувствувате целосна паника и омраза кон некој што не ви направил ништо – тврди таа и додава дека „ако тоа е многу силна реакција и можете да утврдите дека тоа не е резултат на траума од овој живот, тоа е многу веројатно кармичка врска“. Друг знак на кармичка врска е интензитетот. Баис објаснува дека кога сте во кармичка врска „вашата врска веројатно се состои од еуфорични искачувања што ги надминуваат сите претходни врски“.

Дали само навистина силната почетна привлечност кон некого е знак на кармичка врска?

Иако ова првично силно чувство за поврзаност е дефинитивно вообичаено во идентификувањето на кармичките односи, не е сè толку едноставно.

– Луѓето често веруваат дека силната привлечност е исто така кармичка привлечност, но тоа не е секогаш така. Во хиндуизмот, кармата се перципира како средство за учење и еволуција – вели Хејс.

Како е кармичката врска различна од кој било друг интензивен вид на врска?

Најголемата разлика помеѓу кармичката врска и која било друга интензивна врска е чувството на беспомошност, објаснува Хејс. Кога сте во кармичка врска, може да се чувствувате како вашиот партнер буквално да е дел од вашата душа, што може, на крајот, да ги отежни работите. Ако вашето тело или душа чувствува дека друга личност е дел од вас, вашето внатрешно самоодржување ќе го направи одвојувањето од нив скоро невозможно.

Иако прекинувањето на кармичката врска може да биде тешко, постои мотивирачки фактор, а тоа е дека вашата душа се обидува да ви одржи лекција од минатиот живот.

3 сигурни знаци дека вашата врска е во опасност

„Тешко е да се стави крај на кармичките врски без да се научи „кармичка лекција“ “, објаснува Баис. Ако сте имале интензивни врски во минатото, споредете ги со врска за која мислите дека е кармичка и видете како тие се разликуваат. Во повеќето некармички врски, но сепак интензивни врски, ќе останете заедно заради егото, гордоста, потребата и поврзаноста, додека со кармичките врски тоа е многу подлабоко.

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.