Северина: „Денот на вљубените го славиме слатко, на наш начин“
Пејачката ја откри тајната на својата брачна идила
Северина Којиќ (46) со својот 15 години помлад сопруг Игор Којиќ (31) се мажеше дури трипати. Првпат во Истра на 25 септември 2015 година, потоа на 22 ноември истата година во Белград, а во почеток на декември минатата година на својот инстаграм-профил објави фотографии и од нивната венчавка во Занзибар.
View this post on Instagram
Naše afričko vjenčanje ❤️❤️❤️ #tb #zanzibar #tanzania #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca
Љубов, слобода, меѓусебно разбирање и почит, искрен однос, пријателство, тоа е формула за брачна идила“, откри пејачката за магазинот „Стори.хр“, и додаде:
View this post on Instagram
Прво пронајдете се себеси, па потоа полесно ќе најдете и сродна душа. Тајната на среќната врска е се’, љубов, слобода, меѓусебно разбирање и почит, искрен однос и пријателство. Јас сето тоа го најдов во мојот сопруг“, заклучи Северина и додаде дека Денот на вљубените со Игор го слави слатко, на нивни начин.