Трендовите во шминка манично се менуваат, но пејачката веќе три години не се шминка (ФОТО)

Алиша Киз „соголена“

Пејачката Алиша Киз не се нашминкала три години. Таа во 2016 година објави дека веќе нема да се шминка, приватно и за свечени пригоди. Не беше нашминкана и на доделувањето на наградите „греми“ годинава, каде што беше водителка на церемонијата.

Се’ почна кога работела на албумот Here, а на првите фотографии без шминка ја наговорила фотографката што во тоа време работела со неа.

Се вратив од вежбалница, имав шал на главата и дојдов на состанок со фотографката која ми кажа дека сака веднаш да ме фотографира. Музиката на мојот албум беше искрена и соголена, па сакаше такви да бидат и фотографиите“, откри пејачката.

Во еден миг почнав дека не сум доволно добра за светот. Секогаш кога ќе излезев од дома без шминка, бев загрижена поради обожавателите што можеби ќе посакаат да се сликаат со мене. Веќе не сакав да се кријам. Ни своето лице, ни своите емоции, ни мојот ум… Ништо“, раскажа Алиша Киз.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.