Постои нешто полошо од неверство: Ако вашиот партнер го прави ова, вие сте несреќна жена!

Вистина!

Верувале или не, постојат многу полоши работи од сексуално неверство на партнерот

5.30 часот наутро. Нервозата расте. Отвораш очи, а во главата малото глувче на сомнежот ти ги грицка нервите. Состаноци, конференции, рокови… Зошто секогаш имаш толку работа, а толку малку време?

Го земате телефонот и проверувате мејлови, повици, пораки и сето тоа на пат до тоалетот. Набрзина се спремате, ги грабнувате клучевите од плакарот и излегувате. Седнува во автомобилот, свртувате број на телефонот и го почнувате работниот ден.

Сте заборавиле нешто.

Во креветот до вас остана жена. Не сте ја ни погледнале. Не сте ја ни помилувале, бакнале, разбудиле… Сте биле зафатени.

Кога ќе помине првиот бран од напорниот ден, пиете кафе, го земате телефонот и ги проверувате социјалните мрежи. Ги прелистувате новостите и случките во животите на вашите „пријатели“. Повторно нема ни да се сетите на неа – жената со која го делите животот.

На современите врски им недостига здрав разум.

Луѓе живеат заедно, но тоа не значи ништо. Се гледате наутро и неколку часа навечер. Разменувате по неколку штури реченици и погледи преку мобилниот телефон. Ако „ептен се сакате“, во текот на денот ќе си пратите виртуелни бакнежи и ќе мислите дека сте завршиле со нежностите.

Навикнати сме да мислиме дека лажењето во врската е нешто задолжително и нормално. Но вистината е дека луѓето престанаа да се сакаат и да се грижат едни за други.

Штом едниот партнер ќе дознае за неверството, засекогаш се губи довербата.

Секако дека сексуалното неверство е нешто многу навредливо. Но дали некогаш сте помислиле дека секој ден го мамите партнерот? На сите ни недостига комуникација, внимание, страст, интимност, па дури и најважното нешто – љубов. Недостигот на внимание чини многу повеќе од штетата предизвикана со банална сексуална прељуба.

Замислете само: конечно сте нашле човек што можете да го сакате, а сега мора да се борите за трошка внимание.

Додека седите, ја гледате како го ажурира својот профил, чита коментари, се насмевнува на комплиментите што ги добива за најновото селфи…. И вие читате на Твитер, Инстаграм, пред очи ви излегуваат туѓи жени, нивните заводливи лица, а вашата едвај ја погледнувате.

Дали би ја препознале во толпа други луѓе? Зошто не се прошетате низ плоштад како некогаш или да се облечете убаво па да одите во кафана? Дајте и’ уште една шанса на љубовта.

Најголемиот љубовен гест денес е да го оставите телефон на страна и да го погледнете партнерот во лице. Прашајте: како си?

Дали сфаќате дека вашата сакана личност е се’ што имате во животот? Затоа сега е вистинско време да и’ покажете колку ја сакате, утре можеби ќе биде доцна.

Доколку се сомневате во вашата љубов, направете го овој тест: дали сте подготвени за нов чекор во љубовната врска?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.