Овие 3 типа мажи речиси никогаш не се подготвени за сериозна љубовна врска

Претпочитаат забава

Ако сте за врска со иднина, подалеку од нив!

Доколку сте во потрага по стабилна љубовна врска, која ќе води „некаде“, а не само за забава и авантура, тогаш во широк лак, што би се рекло, избегнувајте ги овие три типа на мажи, кои дефинитивно само би ви го потрошиле скапоценото време.

1. Нарцис

 

Нарцисоидните луѓе кога ќе влезат во вашиот живот можат емотивно да ве исцрпат поради своите себични потреби. Тие се многу вешти во криење на знаците дека всушност се нарциси.

Колку подолго ќе бидете во љубовна врска со нарцис, цело внимание и комплиментите постепено ќе исчезнуваат. Но, ваквата врска порано или подоцна ќе заврши поради тоа што веќе ве освоил и повеќе ништо друго не му е потребно. Колку и да биде таквото искуство болно, сепак сте научиле важна лекција.

2. Скржавец

Некој кој се грижи за секој денар и не е спокоен кога ги троши парите – никако не е идеален партнер.

Мажите кои никогаш или пак многу тешко плаќаат нешто, на жените им се многу одбивни. Таквите мажи ретко ќе се впуштат во сериозна врска. Тие не се скржави само за пари, туку и за своето време, храна, емоции, како и просторот во кој живеат. Сите тие работи кога-тогаш ќе испливаат на површина, а вам секако дека нема да ви биде пријатно да бидете во однос со таков маж.

3. Господин „исчезнувам без трага“

 

Некои мажи едноставно се плашат од „врзување“ и им треба многу време за да одлучат да бидат во љубовна врска. Па, дури и кога ќе одлучат да ја започнат врската набрзо потоа се предомислуваат и исчезнуваат без трага.

Таквиот начин на однесување е сè почест. Некои од мажите однапред знаат дека од тој однос нема да има ништо и само го чекаат денот кога ќе исчезнат од вашиот живот.

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.